Слика од пепелта на мажот
- Детали
- четврток, 23 јули 2009
Вдовица од Англија толку многу го сакала својот маж што сакала да го има на sид, кога веќе го изгубила во останатите димензии од животот. Откако...
...ја добила неговата пепел, повикала уметничка која од покојните остатоци направила пејсаж во боја.
Ars longa, vita brevis се остварило прилично буквално за покојниот господин Филкинс од британското место Блистон.
Откако доживеал фатален срцев удар во септември минатата година, нажалената сопруга не одолговлекувала многу, па го претворила во уметничко дело кое сега и виси на sидот во собата.
“Видов во еден оглас во весник дека уметничката Вал Томпсон изработува слики од пепел и си помислив дека тоа е убава идеја“, се присетува вдовицата.
Сликата чинела 1.000 евра, а претставува сцена од Менорце, Шпанија, каде парот бил за последен пат на летување.
“Кога ја гледам, ме обзема чувството дека сме повторно таму заедно“, вели госпоѓата Филкинс, која дел од пепелта оставила и на неговото столче на стадионот Молинеукс.