Поради пчела, станал жена?
- Детали
- среда, 22 јули 2009
Клои се родила како машко дете по име Тед Принц, кој се оженил и добил два сина. Меѓутоа, по убод од неколку пчели, тој добил алергиска реакција и веднаш...
...бил одведен во болница, каде му дијагностицирале Клинефелтеров синдром - се родил со хромозон XXY, наместо XY.
Главната нус појава од оваа болест е намалено количество на тестостерон. Убодот од пчела едноставно како да го 'рестартирал' неговиот ендокрин систем, и телото одеднаш почнало да му се менува.
Неговата сопруга Рене Принц мислела дека Тед само почнува да качува тежина, но всушност се работело за развој на градите.
Во текот на неколку наредни години, се чуствувала ужасно додека гледала како нејзиниот маж станува жена!
по 2 години, Тед го сменил своето име во Клои Принц, а 4 години подоцна почнал и да живее како жена. Веќе во 2008 година заминал за Тајланд, каде по 13 часа операција дефинитивно го променил полот.
"Плачев и го преколнував да не го прави тоа поради мене, децата и родителите", изјавила Рене, која поминала низ пекол во минатото, но сепак не го оставила.