Кој го измисли Facebook?
- Детали
- среда, 22 јули 2009
Бил Гејтс бил студент со разбушавена коса кој многумина го сметале за идиот, но тој секогаш бил пристоен. Марк Цукерберг бил спротивното - разбушавен...
...студент кој сите ги сметал за идиоти.
„Марк често ги оставаше своите работи низ ходникот, и ние ништо не можевме да му речеме бидејќи тој ќе нè пресечеше дека има побитна работа од средување“, се присетува факултетскиот колега на Марк Цукерберг кој тогаш не ни можел да си замисли дека “битната работа“ всушност е работата на Facebook.
За време на студиите живеел на истиот кат како и молчаливиот Цукерберг. „Не одеше на забави, ама се будеше многу доцна. Не комунициравме премногу, беше нерасположен, често и безобразен.
Секогаш се држеше настрана, како сето тоа - факултетот, студентите, предавањата - да му беа неважни. Не се поздравуваше во ходник, гледаше надолу и одминуваше.“ Тие двајца сега не се пријатели на Facebook.
„Тоа е Марк“, коментира студентот кој со Зукерберг седел на неколку предавања. „Често имаше потреба да покажува како другите не му се битни.
Се сеќавам еднаш кога на предавањето насилно ме прекина за да го каже она што тој го мисли. Работата беше во тоа што го повтори сето она што другите веќе го кажаа, но тој воопшто не слушаше.
„По своите неколку реченици, повторно тивко и незаинтересирано си седеше во ќошот.“ Вели дека Цукерберг се сфаќа себе си многу сериозно. „Ќе ви звучи чудно, но навистина мислам дека Марк е убеден дека има света мисија да го промени светот. Сè останато е неважно.“
И навистина, на директорот на Facebook моментално на профилот под ставката “за мене“ му пишува: „Се обидувам од светот да направам поотворено место.“
Интересите му се “создавање нови нешта, отвореност, револуцији, отстранување на нештата кои не се битни во животот“, а под описот на работното место сосем сериозно пишува “создавам револуционерни работи“.
Има 806 виртуелни пријатели, а вкупно има ставено 489 сопствени фотографии од разни конференции, предавања и интервјуа. Ги слуша Radiohead, John Mayer и Linkin Park.
Тоа чувство за сопствената важност објаснува зошто упорно ги одбиваше високите понуди за продажба на Facebook. Друштвените мрежи на интернет прв ги намириса медиумскиот магнат Руперт Мардок.
Совршеното чувство за медиумски пазар го доведе овој медиумски лисец до MySpace. Понудата им ја прати на 19 јули 2005 година, а таа гласеше 580 милиони долари. Тоа беа скандалозни пари за една интернет страница. Сите конкуренти на Мардок се зачудија поради ваквата понуда.
Но, шокот по продажбата брзо помина, MySpace прави пари и се покажува како фантастична инвестиција, а конкурентите на Мардок се освестија и сфатија дека стариот итрец ги надмудрил. И во истиот миг почнува страшното шушкање: кога, кому и за колку пари Цукерберг ќе му го препушти своето бебе?
Основачот на Yahoo, Џери Јанг, лично му се јавува на Цукерберг и му нуди 650 милиони долари. Уште откако му ја претставија на светот една од првите бесплатни е-mail услуги во далечната 1996, Yahoo не одиграл волку храбро. И изгуби: Цукерберг ги одби 650-те милиони долари, а потоа и зголемената понуда од една милијарда.
„Овде сум да изградам нешто што ќе остане за сите времиња. Сè останато е пречка“, тој драматично ги негира гласините за продажба.
Едуардо Саверин најдобро знае колку Цукерберг може да биде луд во миговите на мегаломанија. На Харвард му бил еден од најблиските пријатели, соосновач и прв инвеститор во Facebook. Со сопствени пари ги плаќа првите сервери, компјутери и канцеларии. Двајцата вљубеници во компјутери и програмирање се запознале уште во првата година, но тогаш не ни помислувале “да го направат светот поотворен“.
Оригиналната постава на Facebook, која освен нив двајцата ја сочинуваат уште тројца цимери на Цукерберг, не го издржала долго однесувањето на основачот кој се поставил како апсолутен диктатор. На некогашните цимери им е необјасниво пријателот да ги третира како ѓубре викајќи секојпат кога ќе предложат нешто.
Есента 2008 година сите членови на првобитната постава го напуштаат Цукерберг. Саверин не сака да го коментира односот со поранешниот шеф и пријател, но на своите пријатели често им спомнува дека е бесен поради начинот на кој Цукерберг го тероризирал, сосем заборавајќи дека токму тој му ја обезбедил првата опрема и му ги продал првите огласи.
„Елиминација на неважните нешта“, како што му пишува на профилот „Иако ќе прочитате еден куп предупредувања за приватноста на Facebook, тој е, всушност, најмалку приватната работа на целата интернет мрежа“, вели Џејсон Кауфман, професор по социологија кој 9 години предава поп-култура и политика, а сега го истражува однесувањето на луѓето на друштвените мрежи на интернет.
„Сè што ќе напишете таму е насочена кон надвор, кон другите“. Како што Цукерберг ставил слики од своите медиумски настапи, објаснува Кауфман, „така и вие кога ќе ставите фотографија од вашата нова кола или дечко, не го правите тоа за да создадете приватен албум туку да им покажете на другите што имате.
Кога ќе напишете нешто на профилот на вашата пријателка, тоа најмалку е наменето за неа, а најмногу за другите да видат што сте и напишале“.