Пробна вакцина против СИДА
- Детали
- вторник, 21 јули 2009
Јужноафричка Република ќе започне со клинички испитувања на сопствена вакцина против СИДА. Се работи за прво такво испитување на една земја...
...во развој
Тестовите кои би требало да ја потврдат безедноста на вакцината ќе се вршат на 36 здрави доброволци, соопштил Ентони Мбеву, претседател на Одборот за здравствени истражувања при владата на ЈАР, под чиј патронат се одвива проектот.
Ентони истакнал и дека домашната вакцина е создадена во соработка со американскиот Национален здравствен институт.
Тестирањето на оваа вакцина на 12 доброволци во САД започнало уште на почетокот од оваа година, потсетуваат американските медиуми.
Лани во ЈАР се регистрирани околу 5,2 милиони жители кои живееле со вирусот (од 44 милиони жители), што е повеќе отколку во било која друга земја.
Иницијативата за развој на вакцината локално е финансирана 10 години, а во истражувањата учествувале 250 истражувачи и техничари, што чинело готово 22 милиони евра.