Градникот на Мерлин Монро
- Детали
- петок, 17 јули 2009
Познато е дека славната плавуша Мерлин Монро своите адути на времето ги држеше цврсто и на свое место. Нејзините гради биле така право држени благодарејќи...
...на комплицираниот градник измислен во 1950 тата година, кој што е сличен на денешниот "wonderbra".
Холивудската сирена носела големина 36D, а нејзиниот градник имал дупла корпа и прерамки кои служеле за екстра подигнување и цврсто држење на градите.
По откривањето на ова парче на долна облека на меѓународната аукција во Лондон, Ричард Дејви - претставник на организаторот на аукцијата, истакнал како очекува "голема возбуденост и голем интерес" за градникот на легендата Мерлин.
"На прв поглед градникот делува многу комплицирано и искрено има 4 корпи во внатрешниот дел. Тоа нешто налик на првите "wonderbra" градници. Внатрешните корпи се скриени, а служат за нормално држење на градите. Поголемата корпа е истакната така што градите изгледаат поголеми".
Цената која би требало да достигне градникот на аукцијата се очекува да биде околу 2.300 евра. Аукцијата ќе се одржи наредната сабота во лондонскиот хотел Radisson Edwardian, пишуваат медиумите.