Каде во Европа?
- Детали
- среда, 15 јули 2009
Ако сакате одморот да го поминете во некоја европска престолнина, ќе мора да ja земете во предвид еколошката состојба - еден од најчестите критериуми во...
...последно време - на градот кој сакате да го посетите.
Европската комисија воведе награда со која настојува да ги мотивира европските престолнини да се грижат за својата еколошка и екотуристичка понуда.
Од 35 главни градови ги издвојуваме најсвесните за својата еколошка состојба: Амстердам, Бристол, Копенхаген, Хамбург, Осло и Стокхолм.
Наведените градови се наоѓаат на самиот врв на еколошки пријателски градови, а покрај тоа нудат и добра забава, бројни знаменитости и разни занимливости. И токму поради тоа слободно одберете ги за ваша следна дестинација.