Фановите ги испратија Црвена Јабука во пензија?
- Детали
- петок, 21 март 2014
Членовите од сараевската рок група Црвена Јабука, беа збунети од неодамнешната акција од нивните фанови во Сараево. Фановите, собирале парични средства со кои сакале да направат последен, проштален концерт на омилената група.
Она што фановите не го знаеле, е дека се работело за голем, роденденски концерт кој овој бенд ќе го одржи токму во Сараево.
Иако, фановите ги испратиле предвремено во пензија членовите на сараевскиот бенд, од таму велат дека се работи за лажна тревога. Црвена Јабука, полни триесет години е на естрадата и бендот не планира да престане со својата работа.
Од оваа лажна тревога, најмногу беше шокиран главниот вокал на бендот - Жера, кој вели дека воопшто не му е јасно кој можел да измисли и пласира една ваква измама.
Бендот Црвена Јабука е основан во 1984 година и истиот имал еден прекин со работата, поради трагичната смрт на членовите-поранешниот пејач Дражен Ричл и бас гитаристот Аљоша Буха. По доаѓањето на сегашниот вокалист Жера во Загреб, во 1994 тој повторно собира мзичари и одново го составува бендот, а денеска тие се едни од најактивните бендови од ју-просторот.
Тоа значи, дека сè уште ќе ги гледаме Црвена Јабука во концертните сали ширум Балканот и Европа. Љубителите и фановите на нивната музика нека бидат сигурни дека ќе чујат уште многу синглови и хитови.
По толку години активна работа, во ниеден случај не застануваат и продолжуваат да го одржуваат духот на 80тите.