Емотивна средба: Детенце ја изненади водителката која му помогнала да пронајде семејство
- Детали
- петок, 21 март 2014
Водителката на WFAA во Далас, Глорија Кемпос се расплакала од среќа кога за време на емисијата во живо ја изненадило 14-годишното момче кое било во старателско семејство и открило дека пронашло нов дом, откако неговите усвоители ја виделе приказната што таа ја направила пред 5 години.
Кемпос во 2007 година направила емисија за тогаш осумгодишниот Кеонте, во склоп на приказната за запоставените деца во старателски семејства.
Момчето тогаш не било посвоено, па водителката после две години ја повторила приказната.
Брачниот пар Керол и Скот Кук ја гледале токму таа емисија во 2009 година и одлучиле да го посвојат момчето кое тогаш било во многу лоша состојба.
Тие се грижеле за него и го израснале во здраво и среќно момче кое денес се занимава со трчање и танцување.
За да ѝ се заблагодари на жената која е најзаслужна за тоа што неговата приказна има среќен крај, решил да ја изненади.
Погледнете ја емотивната средба: