Најпозитивната баба која се бори со ракот има над 163.000 пријатели на Инстаграм

Баба Бети има 80 години и веќе некое време води битка со ракот. Нејзиниот внук Зек, кој многу ја сака, знае дека е болна и се обидува да ги зачува сите убави моменти со неа.

najpozitivnata-baba-koja-se-bori-so-rakot-ima-86-000-prijateli-na-instagram-01

Но, оваа бабичка е позитивна, силна и храбра жена, која не се предава така лесно.

На Инстаграм профилот кој тој ѝ го направил, постојано објавува фотографии на кои е насмеана, прави откачени пози или снима кратки видеа на кои таа игра на различни песни.

Баба Бети ги следи и трендовите во светот, па исто како што сите млади играат на популарната „Happy“ од Pharrell Wiliams, така и таа има сопствена кореографија.

За само 3 месеци, Бети Симпсон стана најпопуларната баба на Инстаграм која има над 163.000 пријатели од кои секојдневно добива убави пораки за поддршка.

Не се предава, одговара на сите на кои може и го користи секој момент за убаво да си помине и да се забавува.

Веќе има и посебно поштенско сандаче каде добива стотици писма од целиот свет.

Нејзиниот оптимизам и позитивен дух треба сите да го следат. Без разлика на сè, важно е да се користат сите моменти и никогаш да не се откажувате пред време. Само со ведрина и верба, дури и тешките болести може полесно да се поднесат.

Погледнете дел од фотографиите на баба Бети:

Би можело да ве интересира:

Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg