Некогаш работел на бензинска, а денес е милионер со помош на Фејсбук
- Детали
- понеделник, 17 март 2014
Затоа што не му се допаѓала работата на бензинската на која работел, Бен Кардвел од Нов Зеланд, размислувал каков бизнис би можел да започне за да заработи повеќе пари.
Благодарение на една добра идеја, неговиот живот се променил од корен.
Бен преку сајтот TradeMe започнал да продава гардероба и електроника. Меѓутоа, работата не му тргнала, па решил самиот да отвори фан страна на Фејсбук, за да им покаже на сите што продава.
Кога преку страната Deal Man за една ноќ продал роба во вредност од 800 долари, сфатил дека идејата му е повеќе од успешна.
Многумина биле уверени дека никој не купува облека преку Фејсбук, но погрешиле.
Страницата за многу краток период добила повеќе од 100.000 фанови, а пораснале и приходите од продажбата.
Денес оваа фан страна брои околу 230.000 членови, а Кардвел од неа заработил нешто повеќе од 1.100.000 долари.