Во Австралија се плетат џемперчиња за болните пингвини
- Детали
- понеделник, 10 март 2014
Австралиската фондација за заштита на пингвини започнала кампања со собирање џемпери за загрозените припадници на оваа врста птици.
Фондацијата ги користи џемперчињата за време на рехабилитацијата на пингвините кои се најзагрозени од нафтените остатоци во водата од рибарските бродови.
Џемперите се плетат во рамки на програмата „Knits for nature“ и досега се пристигнати околу 300 џемперчиња со различни бои и дезени, благодарение на многу волонтери.
Оваа бројка не е доволна, па фондацијата ги повикува сите оние кои сакаат да се придружат и да сплетат некое џемперче за малите пингвини.
Тие им овозможуваат на пингвините да ја одржат оптималната телесна температура, а истовремено ги спречува со клунот да си ги чистат перките кои им се извалкани со нафтено отровно масло.
На овој начин може да им се помогне, за да се заштитат, затоплат и да изгледаат толку неодоливо.