Фејсбук и Твитер на Xbox 360
- Детали
- среда, 03 јуни 2009
Компанијата Микрософт на саемот во Лос Анџелес ги открила новите опции на својата играчка конзола Xbox 360, кои ќе ја направат оваа популарна...
... конзола "централен дел на дневната соба", обединувајќи ги видео игрите со сурфање по интернет, пишува Ројтерс.
Целта на Микрософт е да Xbox 360 стане атрактивна за сите во домот и така нормално да се зголеми продажбата. Оваа конзола сега ќе има и мултимедијални содржини, пристап до интернет со што се овозможува виртуелното дружење по друштвените сајтови.
Така преку Xbox 360 сега ќе може да се пристапи на мега популарниот Фејсбук и Твитер, каде корисниците ќе можат да си ги прегледаат своите профили, да разменуваат фотографии и да обновуваат статуси, и тоа на голем телевизиски екран.
Освем најавата за Xbox 360, Микософт на истиот саем ја претстави и првата презентација на новиот Project Natala составен од два дела: камера со инфрацрвени сензори и софтвер за препознавање на гласот кој овозможува управување на работата на екранот.
Микрософт не ги даде деталите за тоа кога Project Natal ќе биде достапен за корисниците.