Вистината за Леди Ди
- Детали
- четврток, 14 мај 2009
"Исплашена сум и страв ми е дека ќe загинам во автомобилска несреќа" , напишала во едно писмо лејди Дијана на својот поранешен кралски батлер...
...Пол Барел. Во тоа писмо од околу споменува и дека нејзиниот сопруг, принцот Чарлс, најверојатно ќе среди таа да исчезне засекогаш.
“Дали тоа беше само нејзин страв, претчувство, потсвесна желба да ги прекине маките кои ги преживуваше толку близу до англискиот кралски трон, а толку далеку од љубовта која толку многу и беше потребна“, изјавуваат блиските до неа.
Нејзината смрт сепак беше само трагедија, едноставно таа била на погрешно место во погрешно време. Таа била параноична и постојано мислела дека ја прислушкуваат, снимаат, следат.
“Јас сепак мислам дека никој не би ја убил мајката на идниот крал на Англија“ - уверен е нејзиниот батлер. Според наодите на англискиот Дејли Мејл, тој изјавил дека бил свесен дека ќе дојде моментот да се распадне врската помеѓу Чарлс и Дијана.
“Беше тоа денот кога се роди принцот Хари и Чарлс отиде да го види. Го ѕирна креветчето и изговори: “Машко е...“ и замина на опера“.
Дијана психички тонеше. И се намалија и последните нерви, сепак свесна дека Чарлс е со неа само заради потомството. Сакаше многу повеќе, пред се љубов и разбирање, радост од заедничкиот живот - работи кои со Чарлс не можеше да ги пронајде. Кога конечно го сфати тоа, солзите станаа нејзин постојан пријател, а желбата за љубов растеше од ден на ден.
И тогаш се појавува Доди Ал Фајед, успешен, сигурен, богат и неоптеретен до кралски обврски, сплетки и подготвен да ја сака... Се до кобната несреќа во 1997 година.