Откриен најголемиот рудник на дијаманти кој има залихи за 3.000 години

Наоѓалиште на дијаманти, двојно поцврсти од обичните, е пронајдено на границата меѓу Краснојарскит крај и Јакутија, на подрачјето на кратерот настанат при пад на метеор пред 35 милиони години.

otkrien-najgolemiot-rudnik-na-dijamanti-koj-ima-zalihi-za-3000-godini

Никаде во светот досега не се пронајдени импактити со такви карактеристики, со што на експертите им се остава можност да говорат за нивното вонземно потекло и за тоа дека Русија станува единствен сопственик на неограничени резерви на единствената суровина која е барана во сферата на современите технологии, тврди заменикот директор на сибирскиот Институт за геологија и минерологија Генадиј Никитин.

Руските научници уште седумдесетите години на тоа подрачје ги пронашле првите дијаманти – импактити со необични својства:биле двојно потврди од обичните и имале поинаква структура, пишува „Блиц“.

Но, бидејќи во тоа време започнала изградба на фабрики за производство на синтетички дијаманти, проучувањата запреле, а податоците за наоѓалиштето се класифицирани како строго доверливо.

По симнувањето на ознаката ’строго доверливо’, геолозите ги проучувале својствата на овој минерал.

„Веќе првите резултати од истражувањето се доволни да може да се зборува за пресврт на целокупниот пазар на дијаманти“, рече Николај Похиленко, директор на Сибирскиот оддел при Институтот за геологија и менералогија.

Ресурсите на супертврдите дијаманти, што се наоѓаат во карпите на кратерот Полигај значително ги надминуваат сите испитани светски резерви. Станува збор за трилиони карати.

Никитин за Итар тасс рече дека полигајските дијаманти ’можат да променат сè, а што потоа ќе се случи со цените на тој пазар, не е јасно’.

Според зборовите на академикот Похиленко, на импактните дијаманти дополнителна вредност им даваат необичните абразивни својства и големите размери на зрното.

„Тоа значително ја шири сферата на нивната индустриска примена и ги лини повредни за индустриска намена, во обработката на металот, изработката на ефикасни полупроводници и слично“, појаснува научникот.

Проценките на резервите на оваа суровина се дека тие ќе бидат доволни за целиот свет за 3.000 години, а примената на тие минерали во преработувачката индустрија е во состојба да изврши техничка револуција.

Многу големи корпорации веќе покажале сериозен интерес за таа суровина.

17.09.2012. (Макфакс)

Би можело да ве интересира:

„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Беше само 1 година постара од зетот - Што знаеме за мајката на Меланија Трамп која почина на 78 годи... Мајката на Меланија Трамп почина на возраст од 78 години. Што знаеме за жената к...
Потег за восхит: Бразилец посадил 40.000 дрвја во Сао Паоло и направил зелена оаза среде градот (фот... Бизнисмен од Бразил поминал 20 години садејќи дрвја покрај брегот на река во Сао...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
На 13 години ајкула ѝ ја одгризала раката, денес е една од најпознатите сурферки – Инспиративната пр... Бетани Хамилтон научила да сурфа на само 3-годишна возраст и веќе од 8-иот роден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg