Curiosity за време на слетувањето загубил едно од двете „крила“
- Детали
- среда, 22 август 2012
Една од двете групи сензори на роботизираното возило Curiosity била оштетена за време на слетувањето или на самата површината на планетата.
Сепак, роверот е во состојба да ги изврши сите неопходни операции со помош на едната преостаната група сензори, изјави заменик раководителот на научната мисија Jet Propulsion Laboratory (JPL) на американската агенција за вселенски истражувања NASA, Ашвин Васавада.
Најголемиот и најсложениот во историјата на истражувачките возила наменети специјално за површината на Марс, Curiosity, по осуммесечно патување и изминати 566 километри низ Вселената утрото на 6-ти август 2012 година успешно беше спуштен на марсовата површина во кратерот Гејл. Во наредните триесетина дена научниците од Земјата постепено ќе ги „загреваат мускулите" на роверот, проверувајќи ја неговата апаратура и научните инструменти, пред роботот да биде подготвен да ја започне својата истражувачка мисија.
Според Васавади, при тестирањето на инструментот REMS, „метеостаницата“ на роверот, тимот научници открил дека сензорите за регистрирање на брзината и насоката на ветерот на една од двете мали кули во составот на REMS испраќа неточни податоци.
„Изгледа тоа е проблем кој не може да се отстрани, што е многу тажно“, вели претставникот на JPL.
Според него, причината за оштетувањето, најверојатно, нема да биде веродостојно утврдена. Сензорите работеле правилно во текот на летот, така што она што се случило со нив се одиграло или по слетувањето или подоцна, забележува Васавади. Додаде дека можно е сензорите да биле оштетени од мали мали парчиња камења во воздухот при слетувањето на Curiosity.
Опремата на втората мала кула функционира нормално, а сега научниците и инженерити ги оценуваат ефектите од оштетувањето врз научната програма на роверот. Како што наведува Васавада, најверојатно проблемот ќе предизвика само мали потешкотии во мерењето на брзината на ветерот, бидејќи другите сензори ќе бидат затворени за него.
„Би сакал да истакнам дека севкупното испитување на инструментите минува во ред, никакви други проблеми не се најдени“, изјави официјалниот претставник на оваа мисија.
22.08.2012 (Макфакс)