Судот го врати старателството на мајката на Мајкл Џексон
- Детали
- петок, 03 август 2012
Американскиот суд го врати старателството над трите деца над починатата поп икона Мајл Џексон, на неговата мајка Катрин Џексон, но како дополнителен привремен старателство го именуваше и внукот на пејачот Ти Џеј Џексон, пренесуваат американските медиуми.
„Јасно ми е дека за децата добро се грижи госпоѓа Џексон“, рекол на рочиштето одржано во ечтвртокот во Лос Анџелс судијата на вишиот суд Мичел Беклоф, додавајќи дека е очигледно дека децата имаат блиски врски и со 24-годишниот Ти Џеј Џексон, синот на братот на Мајкл, Тито Џексон.
Судот го врати целосното старателство над децата на нивната баба осум дена откако и’ беше одземено поради нејзиното напуштање на заедничкиот дом. Кетрин Џексон, имено, заедно со ќерката ја напушти заедничката куќа во Лос Анџелес и десет дена не им се јавуваше на внуците.
На следното рочиште на 22-ри август судот ќе одлучува дали треба да се продолжи привременото старателство на Ти Џеј Џексон, а судијата веќе најави дека би можел да донесе таква одлука бидејќи Ти Џеј се грижел за децата секогаш кога тоа не можела да го прави нивната баба.
Со овој план се согласи и американската поп дива Дајана Рос која Мајкл Џексон во тестаментот ја именуваше за дополнителна старателка над своите деца.
03.08.2012 (Макфакс)