Џекпот од 153 милиони евра на Еуро Милионс
- Детали
- вторник, 31 јули 2012
На лотаријата Euro Millions во вторник џекпотот ќе изнесува најмалку 153 милиони евра, имајќи предвид дека никој од европските играчи во петокот не погоди „седумка“.
По единаесет извлекувања без добитника на главната премија, за сумата од 153 милиони евра, се натпреваруваат дваесет милиони играчи на европската лотарија во којашто учествуваат девер европски земји.
Сумата од 153 милиони евра може да биде надмината, имајќи предвид дека големите износи привлекуваат и поголем број играчи.
Последниот голем износ, од 158.052.843 евра, на 8-ми јуни го поделија Британец и Белгиец.
Euro Millions, најголемата лотарија во светот во којашто учествуваат девет држави, двапати во седмицата извлекува добитници во Франција, Велика Британија, Шпанија, Луксембург, Белгија, Швајцарија, Португалија, Ирска и Аустрија.
Веројатноста за добивка е седумцифрена односно 1 наспроти 116.531.800.
Рекордната добивка на Euro Millions ја имаше британска брачна двојка која на 12-ти јули 2011 доби 185 милиони евра.
Листата на најголемите добивки на Euro Millions ја сочинуваат:
1. - 185 милиони евра на 12-ти јули 2011 година во Велика Британија;
2. - 162.256.622 евра на 13-ти септември во Франција;
3. - 129.818.431 евро на 8-ми октомври 2010 година во Велика Британија;
4. - 126.231764 евра, на 8-ми мај 2009 година во Шпанија и
5. - 121.019.633 евра на 13-ти мај 2011 година во Шпанија.
31.07.2012 (Макфакс)