По кулата во Пиза, се накривува и римскиот Колосеум
- Детали
- понеделник, 30 јули 2012
Древниот римски Колосеум, во кој гладијаторите се бореле со своите животи во времето на Римското царство, за 40-ина сантиметри е понизок на јужната отколку на северната страна, поради што римските власти го истакнаа прашањето дали е потребно негово итно реновирање.
Експертите пред една година првпат го забележаа навалувањето на Колосеумот и го следат последните неколку месеци, изјави Росела Реа, директорка на овој споменик на културата стар повеќе од две илјади години, во колумна објавена во неделата во миланскиот дневен весник Corriere della Sera.
Кривата кула во Пиза, втората според посетеноста историско-културна атракција во Италија, повторно беше отворена за посетителите во 2001 одина, откако повеќе од десет години беше затворена поради работи на неа со коишто се направи обид да се спречи нејзиното уривање и да се направи побезбедна за посетителите.
Во написот директорката Реа вели дека нарачала студија за појавата што го погодила амфитеатарот којашто ќе ја изработат експертите од римскиот универзитет Ла Сапиенца заедно со нивните колеги од институтот IGAG чии истражувања треба да бидат завршени за една година.
Испитувањата ќе го опфатат и влијанието на сообраќајот по блиските римски сообраќајници врз Колосеумот.
30.07.2012 (Макфакс)