Судот бара извештај за децата на Мајкл Џексон

sudot-bara-izvestaj-za-decata-na-majkl-dzekson

Судијата побарал истрага за тоа како се води грижа за децата на починатата поп ѕвезда Мајкл Џексон, откако неговиот брат обвини дека старателите се служат со измами во борбата за контрола врз повеќе милионското наследство.

Судијата Мајкл Беклоф од судот во Лос Анџелес именувал лице коешто ќе разговара со Принс на 15, ПАрис на 14 и Бланкет на 10 годишна возраст. Тој ја донел одлуката бидејќи семејниот адвокат предложил мајката на Мајкл Џексон, 82-годишната Катрин Џексон да го сподели старателството над децата со својот внук 34-годишниот Тито Џексон помладиот.

Тито во средата добил привремено старателство, бидејќи бабата Катрин на подолг период заминала од семејниот имот крај Лос Анџелес.

Во четвртокот Катрин се вртила од Аризона и на националната телевизиска мрежа ги демантираше шпекулациите дека е грабната од некое од нејзините возрасни деца. Нејзиниот адвокат во петокот изјави дека предлогот за новиот договор за старателство идната седмица ќе му го предаде на судијата Беклоф.

Сепак, Ренди, едниот од браќата на Мајкл Џексон, продолжува со нападите неименувајќи засега никого посебно. „Тие сакаат да ја изолираат мојата мајка од семејството, токму како што тоа му го сторија и на Мајкл, за да ги шират своите лаги, да ги остваруваат финансиските планови и да го штитат лажниот тестамент“, напиша во петокот Ренди Џексон на својот профил на микроблогот Твитер.

Се плашам, верувам дека ќе и го одземат животот на мојата мајка“, се додава во твитот на Ренди.

28.07.2012 (Макфакс)

Би можело да ве интересира:

Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„За малку можел да се спаси“ – Што знаеме за трагичната смрт на британскиот доктор во Грција? Британскиот доктор и водител Мајкл Мозли беше пронајден мртов на малиот грчки ос...
„Ги терам синовите од џепарлакот да плаќаат и за сметките – нека се учат од мали“ Дали деца на 6 години треба да размислуваат за сметки и пари? Синовите на оваа А...
Добри уметници, но лоши родители - Славни личности кои не разговараат со своите деца 50 Cent го споредил својот син со змија. Религијата во која членува Том Круз не ...
Детски парк во Јапонија е сон на секој родител од Македонија (видео) Зип лајн, тобогани, авантуристички мостови.... За забавни паркови како во Јапони...
„Имам ретко генетско нарушување: Последен пат јадев пред 4 години, не смеам да пијам вода“ „Што и да правам, мојот ден запира во 16 часот - мора да сум дома за да примам и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg