Зошто Доналд Трамп се појави во сино одело на погребот на папата Франциск, додека повеќето светски лидери беа во црно?
- Детали
- недела, 27 април 2025
И додека Mеланија Tрамп го испочитува дрес кодот со црна креација и црн вел, зошто Доналд Трамп одлучи повторно да се истакне во толпата светски лидери? Која му беше целта?
Претседателот на САД Доналд Трамп е секогаш уникатен кога станува збор за меѓународните односи и за тоа како ја врши својата функција, па така беше дури и за време на погребот на папата Франциск, кој се одржа вчера (26.04).
Тој им се придружи на другите светски лидери за да му оддаде почит на папата Франциск, па стоеше на плоштадот Свети Петар во Ватикан заедно со претседателот на Франција Емануел Макрон и низа други знајчајни политички фигури, кои сите беа облечени во црно.
А Трамп? Тој носеше сино.
И тоа не темно, туку впечатливо сино со соодветна вратоврска. Помеѓу црната боја, неговата облека се издвојуваше како знак.
Овој избор не беше големо прекршување на кодексот на облекување за настанот (кој бара темен костум со црна вратоврска за мажите).
Принцот Вилијам исто така изгледаше како да носи сино, но, изгледот на Трамп беше на работ на дозволеното.
За некој како Трамп, кој е многу свесен за моќта на изгледот, изборот на костум најверојатно не беше случајна одлука.
Сепак, Меланија Трамп носеше црн капут од брендот Dolce & Gabbana и црн вел.
Најверојатно Трамп го направи овој избор за да биде веднаш препознатлив и да ја покаже неговата одлука дека игра според сопствени правила.
Односно е уште еден негов обид да ги редефинира старите норми на однесување онака како што нему му одговара.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





