Кога немаштијата ги приморува децата да работат...

koga-nemastijata-gi-primoruva-decata-da-rabotat-povekjeПакистанката Нагина Садик е приморана секој ден да крева тежок товар во цигланата во Исламабад, иако има само 5 години. Таа во фабриката работи...


...заедно со своето семејство, а според зборовите на нејзиниот татко, дневно заработува само 250 рупи, односно 2,77 долари

koga-nemastijata-gi-primoruva-decata-da-rabotat-1

Нагина е само едно од многуте деца кои наместо да си играат и да учат, мораат да работат тешки физички работи за да преживеат.

Сестрите Мунира (14) и Амила (15) исто така се вработени во фабриката за цигли каде по цел ден копаат во потрага по квалитетни суровини.

koga-nemastijata-gi-primoruva-decata-da-rabotat-2

На следната фотографија, направена пред две години во пакистанската престолнина Исламабад, прикажана е тогаш 6 годишната Ајша Икбал која си го брише окцето додека и помага на мајка си во раздвојување на пластиката во фабриката за рециклажа.

koga-nemastijata-gi-primoruva-decata-da-rabotat-3

Неплатената или слабо платената детска работа е глобален проблем, особено изразен во Пакистан. Покрај големата сиромаштија, во последно време е забележан и пораст на ангажирање на децата во подрачјето на Исламабад и Равалпинди.

Во индустриските предели децата работат под голем притисок и често се платени помалку од вообичаената сатница. Повеќето работат во автомеханичарски работилници, но има и некои кои работат во продавници и хотели.

koga-nemastijata-gi-primoruva-decata-da-rabotat-4

Многу од нив се изложени на физичко, психолошко, а често и сексуално насилство од страна на нивните работодавци.

Децата често работат и за светски познатите брендови. Се проценува дека ¾ од квалитетните фудбалски топки кои се користат во меѓународните натпревари ги произведуваат деца, од кои некои се помлади од 10 години.

koga-nemastijata-gi-primoruva-decata-da-rabotat-5

koga-nemastijata-gi-primoruva-decata-da-rabotat-6

koga-nemastijata-gi-primoruva-decata-da-rabotat-7

Ете, кога следниот пат ќе сакате да се пожалите за својата работа, помислете дали би се менувале со некои од овие дечиња.

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случува по смртта на кралот Чарлс – Сите детали за операцијата „Menai Bridge“ „Здравјето на кралот Чарлс е во многу полоша состојба, отколку што се соопштува....
Меган и Морган беа „најубави близначки во светот“ - денес се тинејџерки кои „маѓепсуваат“ со поглед Некогаш малите и слатки девојчиња, денес се тинејџерки, чии очи и убавина никој ...
Застрашувачка аудио снимка од судирот на двата воза во Чешка: Несреќата снимена од надзорните камери... Надзорните камери во близина го снимија звукот од моментот кога два воза се судр...
Американка критикувана од јавноста: Крева тегови од 155kg во 8-иот месец од бременоста Лили Стивенсон е мајка на две деца која во втората бременост редовно вежбал во т...
Има 300 луксузни автомобили и приватна армија, ќе владее 5 години – Кој е новиот крал на Малезија? Викендов беше крунисан новиот крал на Малезија кој ќе владее пет години. Новиот ...
„Доби 20 кила мускули за 6 недели со Фотошоп“ – Францускиот претседател мета на потсмев заради новит... „Роки Макрон“ - францускиот претседател Емануел Макрон доби нов прекар откако не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg