„Имам опсесивно компулсивно нарушување – секој ден менувам постелнина и перам облека што не сум ја носела“
- Детали
- понеделник, 31 март 2025
Млада Британка со опсесивно компулсивно нарушување е опседната со чистење и вели дека секој ден темелно го чисти домот, вклучувајќи ги фиоките во кујната, просторот зад фрижидерот, па и ѕидовите.
Сигурно сте забележале дека многу луѓе сами си дијагностицираат опсесивно компулсивно нарушување само затоа тоа сакаат домот да им е среден.
Но, го игнорираат фактот дека ова нарушување може да биде навистина сериозно, не се однесува само на желба за средена околина и може да го попречи нормалното, секојдневно функционирање.
Постојат разни видови опсесивно компулсивно нарушување кои се карактеризирани на разни начини.
Некои луѓе се опседнати со симетрија, па мораат постојано да ги редат работите околу нив симетрично. Некои се опседнати со стравот дека ќе направат некаква штета, па компулсивно проверуваат работи како дали ја исклучиле рерната.
Кај некои луѓе се јавува и опсесија со чистење, поведен од екстремниот страв дека ќе бидат заразени со некакви бактерии, вируси или што било.
Поради нарушувањето, овие луѓе може да ги мијат садовите по неколкупати, да ја перат облеката по неколкупати, секој ден да бришат прозорци…
25-годишна Британка има опсесивно компулсивно нарушување и е опседната со чистење.
Таа има ТикТок профил каде споделува трикови за чистење, но и открива како го средува својот дом.
И, тешко кој би можел да го следи нејзиното темпо, особено кога ќе се земе предвид дека има и две работни места.
Сепак, има откриено дека најчесто чисти заедно со мајка ѝ која е дијагностицирана со истото нарушување.
Во едно од нејзините видеа, младата девојка, Даф, открива како изгледа едно вообичаено чистење:
„Најпрво, секоја врата во домот ќе биде избришана со избелувач. Потоа, преку еден ден со мајка ми го поместуваме фрижидерот“.
Даф вели дека секој ден менува постелнина и дека секој ден ги чисти и ѕидовите.
Преку еден ден ги чисти прозорците, фиоките во кујната и машината за перење.
А, секој ден ја вклучува машината за облека и пере парчиња што воопшто ги нема облечено.
Со мајка ѝ најчесто чистат од 6 до 9 наутро, а потоа Даф почнува со работа.
„Тоа што работам од дома ми дава флексибилност. Не мора да трошам време да одам до работа, па имам еден час повеќе за да средам низ домот“.
Во коментари, следбениците на Даф се и восхитени, и зачудени:
„Последен пат погледнав зад фрижидерот кога се вселив во станот каде што живеам“.
„Мислам дека не е здраво да ги вдишуваш сите хемикалии што ги користиш за чистење“.
„Ова изгледа многу стресно. Се надевам дека наоѓам време да се релаксираш“.
„Мајка ми беше иста како тебе и пред пет години ја дијагностицираа со опсесивно компулсивно нарушување“.
Дел од видеата на Даф на следната страница...
Би можело да ве интересира:





