Бизарна талибанска свадба – на невестата ѝ е забрането да присуствува, гостите се само мажи
- Детали
- среда, 26 март 2025
Британец кој добил дозвола да присуствува на талибанска свадба открива дека на прославата имало само мажи, додека невестата и женските гости биле изолирани во друга сала и никако не смееле да се мешаат со машките гости.
Откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан во 2021 година, тамошните жени се најдоа во многу неповолна положба.
Иако првично талибанците ветуваа дека нема да им ги ускратуваат и најосновните права, оттогаш до денес, на жените во Авганистан им е забрането да учат, да работат, да излезат сами, па дури и да прозборат во јавност.
А, до кои крајности одат талибанците многу добро покажува и свадба на талибанец која беше снимена од страна на млад Британец.
Мајлс Рутлиџ често посетува опасни дестинации во светот, како воени зони, а пред 2-3 месеца добил дозвола да присуствува на талибанска свадба во Авганистан.
Церемонијата се одржала во Кабул и тој вели иако имало илјадници гости, невестата немала пристап до настанот бидејќи е жена.
На свадбата имало целосна сегрегација, односно невестата и женските гости биле затворени во друга просторија каде што имало „женска“ прослава.
И, мажите и жените никако не смееле да се мешаат едни со други.
Британецот открива дека дел од свадбената церемонија било и потпишување договор од страна на младенците, но талибанците направиле промена и во овој случај.
Невестата не присуствувала ни на потпишувањето, туку во нејзино име потпишале машките членови од нејзиното семејство.
Салата во која славеле мажите била украсена со златни декорации, а младоженецот како подарок добил два автомобила, но и многу пари.
Бидејќи алкохолот е практично забранет од страна на талибанците, гостите пиеле вода и Pepsi.
Британецот снимил дел од свадбата, но по некое време му рекле дека повеќе не смее да снима, ниту да го фотографира настанот.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





