Дел од најголемите трагедии со пожари од поново време
- Детали
- среда, 19 март 2025
Во 2023 година, на свадбена прослава во Ирак настана оган поради пиротехника при што загинаа над 100 луѓе, вклучувајќи ги и младенците…
За жал, пожарите како во кочанската дискотека не се баш ретки и, во поново време, секоја држава се соочила со некоја ваква трагедија барем еднаш.
Со број на жртви што достигнува, па и надминува сто, некои трагедии се толку големи што се зборуваат и со години подоцна.
Доста често, во ваквите трагедии големиот број на жртви се должи на безбедносните пропусти, како и користењето пиротехника во затворен простор.
Пет од најголемите трагедии со пожар од поново време:
Пожарот во трговскиот ценат Sennichi во Осака – 1972 година
Во 1972 година, во трговски центар во Осака избувна пожар во кој загинаа најмалку 118 лица, а 78 беа повредени.
До денес, ова важи за најсмртоносниот пожар во трговски центар во Јапонија.
Пожарот започнал околу 10 часот навечер, во продавница за женска облека.
Тој период во продавницата имало неколку електричари и еден од нив фрлил неизгаснат отпушок од цигара кој го предизвикал пожарот.
Во склоп на трговскиот центар имало дискотека во која имало околу 180 гости и токму таму се најголемиот број загинати.
Безбедносните излези од дискотеката биле затворени, додека системот за гаснење пожар не бил активен што придонело за неговото брзо ширење.
Пожарот во ноќен клуб во Кентаки, САД – 1977 година
Во дискотеката Beverly Hills Supper Club избувнал пожар кој до денес важи за еден од најсмртоносните во историјата на САД.
Загинале вкупно 165 луѓе, а над 200 биле повредени.
Во дискотеката имало многу повеќе гости од нејзиниот капацитет – се проценува дека внатре имало помеѓу 900 и 1.300 гости.
Пожарот започнал околу 20:30 часот и брзо се раширил низ целата дискотека поради лесно запаливите материјали на тепихот, дрвената ламперија и слично.
Се претпоставува дека причината за пожарот била електричната инсталација, бидејќи дискотеката многупати во минатото имала слични проблеми.
Притоа, немало противпожарни аларми, ниту систем за гаснење пожар.
Голем дел од излезите за итни случаи биле блокирани или лошо обележани, а додека да стигнат пожарникарите, веќе целиот клуб бил во пламен.
Бидејќи воопшто не можеле да излезат, голем дел од жртвите се задушиле од чад.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





