Брачните проблеми на Мишел и Барак Обама, среде гласините за развод (и неговата наводна афера)
Политичката кариера на Барак дополнително ги оддалечила
Мишел вели дека додека кариерата на Барак цутела, таа морала да ја паузира својата за да се грижи за домот и децата, но и за да му дава морална поддршка.
А, ова станало многу поистакнато откако Барак покажал интерес за политика.
„Почнавме да се расправаме повеќе, особено навечер кога и двајцата бевме преморени.
Му реков дека јас не се согласив на ваков живот. Ми изгледаше како само јас да се грижам за нашето семејство“.
Во своите мемоари, Мишел откри дека одењето на терапија кај брачен советник им помогнало да ги надминат овие проблеми.
Но, сепак, останале и последици и Мишел била гневна кога Барак изразил желба да се кандидира за претседател.
Мишел дури и му рекла дека ѝ е преку глава од сè и дека ако се кандидира, немало ни да гласа за него.
Животот во Белата куќа им донел дополнителни проблеми
На крај Мишел сепак одлучила да го поддржува сопругот и не ја криела својата гордост.
Но, и двајцата имаат зборувано за новиот живот во Белата куќа кој им донел низа проблеми.
Според Барак, Мишел постојано била под стрес.
„Имаше ноќи кога во темницата лежев до Мишел и си размислував за деновите кога работите беа поедноставни, кога почесто ја гледав нејзината насмевка“.
Поради бројните обврски како претседател, Мишел честопати останувала сама во куќата и почнала да се чувствува и осамено.
Но, доста често не се осмелувала да му се жали бидејќи разбирала дека тој треба да ја води државата.
По завршувањето на мандатот, им биле потребни години за да ја вратат љубовта во бракот
Откако ја напуштија Белата куќа во 2017-та, Барак има откриено дека им требале натчовечки напори за да ја вратат искрата меѓу нив.
„Спиевме до доцна, уживавме во заеднички вечери, одевме на долги прошетки, пливавме во океанот…“, има откриено Барак.
Мишел, пак, вели дека сите премрежја им покажале дека нивниот брак е стабилен.
„Јас и Барак имавме многу стабилен Брак. Ако се откажев, ако го оставев во тешките мигови, тогаш ќе ги испуштев и сите убави работи“.
Сепак, сега гласините за развод не стивнуваат
Многумина веруваат дека Мишел одлучила да стави крај на бракот со Барак, веројатно поради многуте проблеми што ги имале низ годините.
Периодов Барак е сам во Вашингтон за инаугурацијата на Трамп, а беше забележан и во ресторан каде наводно бил во друштво на непозната жена.
Сепак, подоцна се откри дека ова било лага, односно дека бил на вечера со пријател кој работел во Белата куќа.
Можеби најлудите шпекулации за наводната разделба на парот е тоа дека Барак имал афера со Џенифер Анистон.
Според неколку американски таблоиди, Барак и Мишел веќе живееле одвоено, а поранешниот претседател се гледал со Џенифер Анистон. Ова, пак, направило Мишел да се чувствува предадено.
Сепак, Анистон ги негираше шпекулациите, нарекувајќи ги „апсолутно неточни“.
Тие се немаат огласено за разводот, единствено Барак сподели заедничка фотографија за роденденот на Мишел на 17-ти јануари.
Спирова С. | Црнобело