Брачните проблеми на Мишел и Барак Обама, среде гласините за развод (и неговата наводна афера)
- Детали
- среда, 22 јануари 2025
Мишел има изјавено дека чувствувала презир кон Барак бидејќи тој се фокусирал на своите политички амбиции, додека таа немала избор освен да ја паузира својата кариера и сама да се грижи за нивните ќерки и домот. Вели, во тие мигови, вистински ја почувствувала нееднаквоста помеѓу мажите и жените.
Извесен период се шпекулира дека Мишел и Барак Обама се пред развод.
Гласините само се засилија откако се дозна дека Мишел нема да присуствува на инаугурацијата на Трамп, каде Барак се појави сам.
Мишел не го придружуваше сопругот ни на погребот на поранешниот претседател Џими Картер, наводно поради „натрупан распоред“.
Но, не само на важни настани – Мишел и Барак воопшто не се забележани заедно од средината на декември минатата година.
Низ годините, парот беше искрен за брачните проблеми со коишто се соочувале, а поради начинот на којшто ги решавале, даваа впечаток дека никогаш нема да се разделат.
Гледано од перспектива на јавноста, тие делуваат како идеален пар, каде и двајцата се поддржуваат еден со друг.
Сепак, во реалноста, бракот им бил далеку од совршен, а Мишел и самата има изјавено дека чувствувала презир бидејќи требало да ја паузира својата кариера за политичките амбиции на Барак.
Дел од најсериозните проблеми со коишто се соочиле Мишел и Барак низ годините:
На почетокот, Мишел воопшто не била заинтересирана за Барак
Мишел и Барак се запознале во 1989 година, во адвокатска фирма каде што работеле и двајцата.
Според Мишел, нивните колеги пробале да ги спојат бидејќи и двајцата студирале на Харвард, па мислеле дека ќе имаат многу заеднички нешта.
Но, додека Барак го опишува денот кога ја запознал Мишел како најсреќниот во неговиот живот, таа имала друго мислење за него.
„Воопшто не го гледав како личност со која би била во врска. Тој период не размислував за врски бидејќи имав премногу работа за да се трудам и за тоа“.
Во интервју за шоуто на Опра, Барак има откриено дека Мишел многупати го одбила, пред конечно да прифати да излезат на состанок.
Сепак, по првиот состанок сфатиле дека имаат многу заеднички нешта, почнале врска и две години подоцна, Барак ја побарал и за жена.
Речиси се развеле поради децата
Барак и Мишел имаат две ќерки – Малија која е роден во 1998-ма и Саша која е родена во 2000-та.
А, Мишел има изјавено дека родителството е првото нешто кое создало раздор меѓу нив.
Таа вели дека тогаш вистински ја почувствувала нееднаквоста со којашто се соочуваат жените бидејќи сите обврски за децата паѓале на неа, без разлика што и таа била вработена.
„Јас бев таа која требаше да се грижи за децата, додека сопругот си го живееше животот.
Почнав да чувствувам презир, да се прашувам што се случи со мојот најдобар пријател…“