„Дечко ми ме викна и потоа го однесе бран - телото го најдоа по неколку месеци“: Петра Немцова се потсети на цунамито во 2004-та

Таа била пренесена во болница, каде што физичките рани зацелиле брзо, а таа кратко време работела и со физиотерапевт за повторно да почне да оди.

За да се опорави таа почнала да практикува медитација, а со психијатар работела на тоа да ја прифати тагата и да се фокусирана позитивните аспекти од животот.

„Лекарите проценија дека ќе ми требаат две години да закрепнам, но ја се опоравив по само четири месеци“, истакна таа.

dechko-mi-me-vikna-i-potoa-go-odnese-bran-teloto-go-najdoa-po-nekolku-meseci-petra-nemcova-se-potseti-na-cunanito-vo-2024-ta-14.jpg

И покрај трагедијата што ја преживеала, Немцова брзо нашла сила да продолжи.

Петра се врати на Тајланд уште во пролетта 2005-та за да им оддаде почит на Симон и на сите жртви од цунамито.

dechko-mi-me-vikna-i-potoa-go-odnese-bran-teloto-go-najdoa-po-nekolku-meseci-petra-nemcova-se-potseti-na-cunanito-vo-2024-ta-04.jpg

При таа посета Немцова се соочи и со сопствените стравови.

„Нуркањето беше нешто што јас и Сајмон го сакавме, но по катастрофата стана многу трауматично за мене. Сепак, решив да се соочам со брановите за да го надминам стравот.

Кога нурнав, почнав да ме фаќа паника - срцето ми чукаше забрзано, дишењето ми беше тешко. Но, знаев дека морам да го сторам тоа“, вели таа.

dechko-mi-me-vikna-i-potoa-go-odnese-bran-teloto-go-najdoa-po-nekolku-meseci-petra-nemcova-se-potseti-na-cunanito-vo-2024-ta-06.jpg

Во 2005 година, Петра основаше и фондација за помош на жртвите од природни катастрофи „All Hаnds and Hearts“.

Организацијата работи во повеќе од 28 земји, помага да се изградат училишта и домови, а Петра со тоа ги нашла својата цел во животот и внатрешна среќа.

dechko-mi-me-vikna-i-potoa-go-odnese-bran-teloto-go-najdoa-po-nekolku-meseci-petra-nemcova-se-potseti-na-cunanito-vo-2024-ta-02.jpg

„Звукот на детските врисоци и неможноста да им помогнам оставија длабока трага на мене.

Денес, благодарение на фондацијата, имам можност да им помогнам на оние на кои тоа им е најпотребно“, вели таа.

dechko-mi-me-vikna-i-potoa-go-odnese-bran-teloto-go-najdoa-po-nekolku-meseci-petra-nemcova-se-potseti-na-cunanito-vo-2024-ta-09.jpg

Манекенката повторно најде и љубов. Во 2019 година се омажи за бизнисменот Бенџамин Ларет со кој го има синот Боди (5).

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Дечко од Велика Британија ја запроси саканата со напис на овен (фото) „Па, ова не е баш тоа што го очекуваш кога ќе тргнеш да бараш овца на рид, но......
Дечко од Канада бил несреќен на работа, си дал отказ и почнал да патува низ светот - денес е милионе... Кристијан Лебланк од Канада вели дека одлучил да ја напушти канцелариската работ...
„Дечко ми ме замоли да престанам да работам, бев девојка - домаќинка, па ме остави“ Девојка од Калифорнија на Инстаграм презентираше дека води идиличен живот на дом...
„Купив стан за да живееме со партнерот, сега тој не сака да плаќа кредит – ме искористува ли?“ „Купив стан на мое име и кога го замолив дечко ми да помага со кредитот, ми рече...
Млад пар вдомил теле како милениче: „Спие во гаражата, но преку ден е дома со нас“ За повеќето, чувањето миленик значи грижа за мачка, куче или, пак, хрчак или риб...
Близнаци милијардери обвинети за силување: „Во една вечер ме нападнаа и двајцата“ Им подметнувале на девојките дрога, ги носеле сосила во нивниот стан или на заба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg