На 13 години ајкула ѝ ја одгризала раката, денес е една од најпознатите сурферки – Инспиративната приказна на Бетани Хамилтон

Бетани Хамилтон научила да сурфа на само 3-годишна возраст и веќе од 8-иот роденден одела и на натпревари. Но, на 13-годишна возраст, ајкула ѝ ја одгризала целата лева рака…

na-13-godini-ajkula-ja-odgrizala-rakata-denes-e-edna-od-najpoznatite-surferki-inspirativnata-prikazna-na-betani-hamilton-01.jpg

Бетани Хамилтон од Хаваи е вистинска инспирација – иако ја изгубила левата рака на 13-годишна возраст, ова не ја спречило да си го оствари сонот и да стане сурферка.

Со над 2 милиони Инстаграм следбеници, Бетани е една од најпознатите сурферки не само во САД, туку и во светот, а често ја споделува својата приказна за да ги инспирира другите.

View this post on Instagram

A post shared by Bethany Hamilton (@bethanyhamilton)

Бетани научила да сурфа на само 3-годишна возраст, а веќе до осмиот роденден почнала и да се натпреварува.

Во 2003 година, кога имала 13 години, Бетани сурфала со пријателка и нејзиното семејство.

Додека сурфала, огромна ајкула ѝ ја одгризала левата рака до рамото.

View this post on Instagram

A post shared by Bethany Hamilton (@bethanyhamilton)

Благодарение на брзата реакција на семејството на пријателката, Бетани веднаш била изнесена на брегот каде што ѝ ја преврзале раната.

Тие повикале и брза помош, но додека да ја однесат до болница, веќе изгубила 60% од нејзината крв.

Но, храбрата Бетани не само што преживеала, туку закрепнала по само еден месец.

Одлучила дека повредата нема да ја сопре во намерата да стане сурферка и почнала да сурфа речиси веднаш откако излегла од болница.

Веќе седната година, во 2004-та, таа продолжила и да се натпреварува.

Во САД, Бетани брзо се прославила поради нејзината приказна.

Гостувала во бројни американски телевизиски емисии, вклучувајќи ги и шоуата на Елен Деџенерис и Опра Винфри.

Во 2011-та, беше издаден и филм инспириран од нејзината приказна (Soul Surfer), па Бетани стана светска сензација и наместо жртва на напад од ајкула, се претвори во инспиративна икона.

Од 2013 година, Бетани е во среќен брак со сопругот Адам Диркс, а заедно имаат четири деца.

Повеќе фотки од Бетани во продолжение:

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Брачен пар, кој не сака деца пред да го прошета светот, е мета на осуда: „Прво сакаме да уживаме во ... „Сакаме деца еден ден, но прво сакаме да уживаме во слободата. Не попуштаме под ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg