Исповед на жена: „Ме силуваа на 62 години, мислев дека само младите девојки се жртви“

„Неколку месеци по силувањето чувствував болка во абдоменот и при уринирање, тестовите покажаа дека сум добила гонореја“ – жена од Британија раскажува како пријателскиот разговор со 20 години помладиот сосед се претворил во ноќна мора, а таа на 62 години била силувана.

ispoved-na-zhena-me-siluvaa-na-62-godini-mislev-deka-samo-mladite-devojki-se-zhrtvi-01.jpg

Често кога се зборува за силување, сите веруваме дека жртвите се млади девојки, кои сè уште се атрактивни и убави, но оваа Британка и самата доживеала шок кога била силувана во седмата деценија од животот и тоа од соседот кој изгледал сосема пристојно.

Британката, која се јавува под псевдонимот Табита Деј за Daily Mail ја раскажува својата приказна, која треба да биде предупредување за сите жени, од секоја возраст кои треба да сфатат дека сексуалното насилство може да се случи во која било доба од животот, а често да не можеме ниту да се сомневаме дека луѓето околу нас имаат нечесни намери.

„Додека стоевме пред неговиот дом и разговаравме за базарот на неговата ќерка, Филип, кој беше во 40-тите години од животот делуваше како совршен нов сосед – пријателски настроен и жеден да се вклопи во околината.

Делуваше мошне љубезно и лесно ни течеше разговорот, па не се ни забележуваше дека меѓу нас постои генерациска разлика од 20 години.

ispoved-na-zhena-me-siluvaa-na-62-godini-mislev-deka-samo-mladite-devojki-se-zhrtvi-02_copy.jpg

Сè уште не можам да си поверувам дека таков шармантен човек, може да биде насилник, кој само еден час подоцна ќе ми го скине фустанот и ќе ме силува.

Ниту, пак ми се верува дека откако целиот живот сум добивала само почит од спротивниот пол, ова можеше да ми се случи на 62 години“ – ја започнува својата приказна оваа жена.

Табита, како и голем број други жени верувала дека сексуалните напади се нешто што им се случува само на младите жени, на кои може да им бидат ставени опојни супстанции во пијалаците, или пак, да бидат нападнати додека талкаат доцна навечер низ улиците.

„Никогаш не ни сонував дека јас, како баба на пет деца, која не пие алкохол и си легнува да спие во 10 и 30 часот навечер, можам да бидам жртва на силување“ – потенцира Табита.

ispoved-na-zhena-me-siluvaa-na-62-godini-mislev-deka-samo-mladite-devojki-se-zhrtvi-04_copy.jpg

Таа раскажува дека нападот се случил минатата година, додека во соседството се обидувала да собере донации за хуманитарен концерт.

Сосема случајно го запознала новиот сосед, кој ѝ изгледал пристојно, а разговарале за училиштето и наставниците каде заедно оделе неговата ќерка и нејзината внука.

Во еден миг, таа го прашала дали брзо успеале да се сместат во новиот дом, со оглед на тоа што куќата долго била напуштена, па тој ја поканил да влезе и да види како го уредил просторот.

Но, Табита воопшто не очекувала дека овој 20 години помлад маж ќе почне отворено да ѝ се додворува. Откако таа почнала да се смее и на самата помисла дека тие двајца би можеле да имаат врска и го потсетила дека таа е во врска со друг маж, финиот сосед се претворил во сосема друга личност.

„Стана и ми ја зеде раката. Мислев дека сака да ја бакне, но наместо тоа ми ја свитка зад грб и ме бутна на земја. Помнам само делови од она што следуваше подоцна. Мирисот на неговиот парфем. Се сеќавам на стравот што го чувствував додека тој искина парчиња од мојот фустан и ме врза, па ме притисна на подот…

Го молев да престане. Кога се обидов да го оттурнам, почна да ме кубе за коса. Колку повеќе се трудев да побегнам, толку повеќе ме притискаше, па ми ја искина долната облека и ми ја свитка ногата толку силно што мислев дека ќе ми скрши колк…

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg