„Не заслужувате да сте родители“ - Брачен пар ги оставил децата во кабина на крузер за да одат сами на вечера
- Детали
- вторник, 17 септември 2024
„На сличен начин беше киднапирана Медлин МекКен пред неколку години, а денес светот е многу пострашен“, гласи една од многуте критики упатени до родителите што ги оставиле децата на возраст од 1 и 2 години сами во кабина од крузер.
Мет и Аби Хауард се популарни на Инстаграм и ТикТок каде што споделуваат детали од нивното секојдневие.
Тие имаат два сина, на возраст од една и две години, а родителството е главниот фокус на нивните профили.
И претходно парот се соочувал со критики, но сега предизвикаа лавина негативни коментари со објава од нивниот одмор.
Мет и Аби, заедно со децата, беа на крстарење, а оттаму Аби се пофали дека ги оставиле децата сами во кабината за да одат на вечера.
Аби вели дека на децата не им се допаѓало кога оделе на вечера сите заедно, па направиле промена.
„Пет ноќи ги носевме со нас и стана јасно дека не им е убаво, а поради тоа не ни беше убаво ни нам.
Па, почнавме да одиме на вечера откако децата си легнуваа“, стои во сега избришана објава на Инстаграм Стори.
Аби откри дека имале бебе монитор, но бидејќи ресторанот бил подалеку од кабината, не фаќале сигнал.
Затоа, оставиле еден телефон во кабината, пуштиле видеоповик и го гледале бебе мониторот од ресторанот.