„Патник ме нарече ужасна мајка за време на авионски лет, а врескаше и по моите деца“
- Детали
- сабота, 24 август 2024
„Моето 2-годишно дете направи мал инцидент и во тој миг еден патник кој седеше блиску до нас вресна: ‘Ох, колку мразам деца, ги мразам и никаквите родители и нивните никакви деца’. Бев под огромен стрес“, споделува Кетрин Хафтон од Велика Британија
Кетрин Хафтон е новинарка од Велика Британија која за магазинот Metro сподели каков немил настан ѝ се случил за време на неодамнешниот лет за Тенерифе.
„Имаше само 20 минути до слетување и знакот за појаси беше вклучен, но тоа не спречи еден дрзок патник да нè нападне вербално мене и моите деца, кои се на возраст од 2 и 5 години“, вели таа.
„За сите години минати во патување дали сама, дали со децата не сум искусила нешто вакво и се надевам дека нема да искусам никогаш повторно“.
Кетрин патувала и до Тајланд и до Канада, како и низ цела Европа, но вакво нешто не доживеала. Вели дека откако со сопругот станале родители си ветиле дека ќе патуваат уште повеќе и од порано.
Досега децата ги имаат однесено на дестинации како Мексико, Ибица, Италија и Шпанија и вели дека за овие патувања штедат цела година и токму од тие мигови им се некои од најмилите спомени во животот.
Се разбира, таа е искрена дека сега децата ѝ се на возраст кога знае на моменти да биде тешко да ги скроти во авион, но затоа им ги пакува омилените играчки, книги, грцки, како и таблет за долгите летови.
Кетрин вели дека постојано ги потсетува дека треба да се однесуваат добро и дека тие во глобала се полни со почит кон другите патници на летовите.
„Инциденти се случуваат ретко и најчесто патниците околу нас се трпеливи и покажуваат толеранција затоа што се свесни како е со деца.
Но, за жал тоа не беше случај за време на нашиот лет до Тенерифе. Всушност, никогаш не сум се чувствувала толку исплашена.
За време на летот, мојот 2-годишен син, кој е понепредвидлив од неговиот брат, фрли со бисквит во воздухот и бисквитот падна до две тинејџерки кои седеа понапред.
Откако му кажав повеќе да не го прави тоа и им се извинив на девојките и нивното семејство, мислев дека наидов на разбирање, но на мое изненадување една од нив стана и ми кажа дека мојот син ја нервира.
Јас повторно се извинив и објаснив дека има само 2 години и дека давам сè од себе за да го скротам.
Потоа, пред нас имаше пар кој консумираше многу алкохол и секојпат кога некое дете на летот плачеше, мажот стануваше и зјапаше во него агресивно.
Ми беше страв дека во секој миг можеше ние или кој било патник или член на екипажот да стане мета на овој бес.