„Патник ме нарече ужасна мајка за време на авионски лет, а врескаше и по моите деца“

Па, кога пилотот најави да ги врземе појасите, бидејќи ќе слетуваме, си помислив дека сè ќе биде во ред, но мојот 2-годишен син го зеде упатството за безбедност при лет и го фрли во воздух, а тоа слета кај парот пред нас и тогаш пијаниот маж стана на нозе и почна да вреска по мене.

Седев исплашена и во неверување, моите деца почнаа да плачат, а поголемиот син повторуваше дека неговиот брат не мислел да го направи тоа.

Мојот сопруг го замоли патникот да престане, но тоа ја влоши ситуацијата, па уште едно дете почна да плаче.

Во тој миг мажот вресна: ‘Ох, колку мразам деца, ги мразам и никаквите родители и нивните никакви деца’. Тогаш дотрча екипажот и го молеше да се смири и да седне.

Потоа, мене и моите деца нè префрлија на друго место.

Дури се плашев дека тој маж ќе нè нападне на пасошка контрола. Стоевме назад сè додека овој пар не се оддалечи од нас.

Јас знам дека некои луѓе сакаат да уживаат без деца, но и децата имаат исто право како сите други за да бидат во авионот, плус не се тие оние што се пијанат и прават скандали потоа, нели?

Поради овој дрзок човек сега ќе бидам под огромен стрес кога ќе патувам со децата нареден пат.

Ќе мора да направиме убави спомени заедно, за да го истиснеме овој токсичен човек од нашите умови“.

patnik-me-nareche-uzhasna-majka-za-vreme-na-avionski-let-a-vreskashe-i-po-moite-deca-03.jpg

Сте се соочиле ли вие со ваква ситуација?

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
„Бев сиромашна самохрана мајка, а денес сум сопруга на милионер - сите велат дека сум се омажила за ... „Останав бремена на 18 години, дечко ми ме остави во осмиот месец од бременоста,...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вирално видео: Девојче (4) има совршен одговор за момчето што ѝ кажа дека не му се допаѓа нејзината ... „Ох, душо, се гордеам со тебе. Застана во своја одбрана, а тоа е важно. И важно ...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg