Втора претсвадбена прослава на синот на најбогатиот Индиец – Крстарење по Медитеранот, настапи на Кети Пери и Backstreet Boys
На балот пеела Кети Пери, а прославата завршила со огномети.
Кога гостите се вратиле на бродот, имало уште една прослава, а овој пат на сцената застанал Питбул.
Крстарењето завршило во Портофино, а младенците го претвориле главниот плоштад во базар со штандови за храна и пијачки.
Овде, гостите ги забавувала уште една голема музичка ѕвезда – Андреа Бочели.
Како и на претходната прослава, и овој пат меѓу гостите имало и познати личности, како холивудскиот актер Адам Сендлер, но и многу боливудски актери.
За Vogue, Радика открива дека иако има уште само еден месец до свадбата, дотогаш ќе организираат уште неколку големи прослави.
За потсетување, таткото на младоженецот е нафтениот магнат Мукеш Амбани кој е најбогатиот човек во Индија и неговото богатство се проценува на 114 милијарди долари.
Прочитајте и: Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот пар кој ќе прави луксузна свадба
Родителите на младоженецот
Радика исто така потекнува од богато семејство, а нејзиниот татко е извршен директот на компанијата Encore Healthcare од Индија.
Радика со родителите
Спирова С. | Црнобело