Втора претсвадбена прослава на синот на најбогатиот Индиец – Крстарење по Медитеранот, настапи на Кети Пери и Backstreet Boys
- Детали
- петок, 14 јуни 2024
За втората претсвадбена прослава, синот на најбогатиот Индиец и свршеницата ги најмиле Кети Пери, Дејвид Гета и Backstreet Boys, а за гостите организирале и 4-дневно крстарење по Медитеранот.
Синот на најбогатиот Индиец и неговата свршеница во март годинава беа топ тема во светските медиуми поради раскошната претсвадбена прослава.
Тогаш најмногу внимание привлече фактот што на прославата пееше Ријана која добила шест милиони долари за настапот.
За целата прослава, пак, наводно потрошиле над 130 милиони долари.
Свадбата на Анант Амбани и свршеницата Радика е закажана за јули годинава, а сега тие направија уште една претсвадбена прослава.
Овој пат, 29-годишниот богаташ и 29-годишната Радика организирале крстарење по Медитеранот за над 1.000 гости.
Крстарењето траело четири дена, а гостите посетиле места како Рим во Италија и Кан во Франција.
Секоја вечер била организирана прослава, а гостите ги забавувале светски познати пејачи, како Кети Пери.
„Ова беше како одмор за луѓето кои имале важен удел во нашите животи“, изјави Радика за Vogue.
Таа открива дека организирале уште една претсвадбена прослава бидејќи многу од пријателите и членовите на семејството не биле во можност да присуствуваат на првата.
Втората прослава почнала на 29-ти мај, а бродот тргнал од Палермо.
Не е познато колку пари одвоиле младенците, но според Daily Mail, најевтината опција на тоа крстење била 859 долари од човек.
Бродот што го најмил парот има 32 ресторани и барови, казино, спа, неколку базени, па дури и киносала.
На забава на првата ноќ настапувале Backstreet Boys.
Следниот ден гостите имале организирана тура низ Рим, а вечерта на бродот ги забавувал светски познатиот диџеј Дејвид Гета.
Третиот ден го поминале во Кан каде што бил организиран маскенбал. За прославата, Радика носела Versace фустан направен специјално за неа.
Фустанот бил украсен со дијаманти, а за неговата изработка била потребна цела година.