10 најплатени познати личности на Инстаграм - за една објава земаат милиони
5. Двејн „The Rock" Џонсон
Американско - канадскиот актер со својот изглед привлекува големо внимание.
Токму неговото мускулесто тело го прави совршен презентер на здравата исхрана и фитнес брендовите.
На Инстаграм го следат 397 милиони следбеници, а заработува по 2.326.000 долари по објава.
4.Кајли Џенер
Веќе е и повеќе од јасно дека семејството Кардашијан - Џенер владее на друштвените мрежи, а онаа која зема највеќе пари е токму најмладата меѓу нив, Кајли.
Освен што е ѕвезда од реално шоу, таа е и сопственик на бренд за убавина и една од највлијателните во таа индустрија.
Кајли наплаќа по 2.386.000 долари по објава на Инстаграм, каде ја следат 400 милиони луѓе.
3. Селена Гомез
Селена уште од многу мала е дел од светската сцена.
Освен како актерка успешна е и како пејачка, но и како модел.
Еден период имаше најмногу слебденици на Инстаграм, а сега таму ја следат 428 милиони луѓе.
За една своја објава на оваа платформа наплаќа по 2.558.000 долари.
2. Лионел Меси
Многумина за него ќе речат дека е најдобар фудбалер на сите времиња, но и покрај вртоглавата сума на пари што ја заработува како фудбалер, на Инстаграм за една своја објава зема по 2.597.000 долари.
Таму го следат 502 милиони луѓе.
1. Кристијано Роналдо
Првото место го зазема најславниот фудбалер за кој многумина велат дека е движечка реклама.
За само една Инстаграм објава Роналдо во џеб си става 3.234.000 долари.
Во моментов е и најследената личност на Инстаграм со 629 милиони следбеници.
С. Ш. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





