„Шетаат боси во канцеларија, одат голи во сауна: Што ме изненади најмногу кај Финците?“
Во рестораните има месо од мечки и елени
Иако на странците им звучи чудно, на пазарите и во рестораните се продава месо од елени и од мечки.
„Тие подготвуваат колбаси од месо од елени, како ќебапи. Месото ми беше вкусно, многу е меко и има богат вкус. Не сум пробал месо од мечка, но сум слушнал дека е слично на свинско“ – вели Хорхе.
Многу е лесно да најдете јавен превоз
Во Хелсинки има мошне добро развиен јавен превоз, па можете да изберете меѓу тролејбус, метро, возови или да изнајмите велосипед.
„Во Колумбија имавме само метро и автобус, но не беше лесно да се користат и немаше многу релации.
Тука транспортот оди директно до аеродромот и има централна станица каде се сретнуваат сите видови јавен превоз“ – раскажува Хорхе.
Финците обожаваат да купуваат на старо
Финците се модерни, но не им пречи да купуваат користена облека како можност за заштита на природата.
„Финците не обрнуваат толку внимание на скапата облека и најважни им се комфорот и личниот стил, а не брендот или цената“ – вели тој.
Вечерата е за вториот состанок
Иако во многу земји мажите се трудат да ја импресионираат девојката со скапа вечера во ресторан, во Финска се очекува првиот состанок да биде во бар или во кафуле.
Во ресторан се оди на втор состанок.
Б. С. Б. | Црнобело