Почна одбројувањето до крајот на светот
- Детали
- четврток, 22 декември 2011
Ни остана точно уште една година без еден ден до предвидениот крај на светот на 21 декември 2012 година. За разлика од другите заговорници...
...за Судниот ден, на југоисточниот дел на Мексико во средиштето на територијата каде живееле Маите, внимателно се планираат прославите кои ќе траат во текот на целата година.
Мексиканците направиле и туристичка атракција – дигитален часовник кој ќе одбројува до фамозниот датум следната година.
Часовникот е поставен од страна на туристичката организација на градот Тапачула, на границата со Гватемала, во непосредна близина на наоѓалиштето Изапа, каде е пронајден мајанскиот календар.
Гледано од друг аспект, Мексико се надева дека ќе привлече 30 милиони туристи во регионот во кој постојат артефакти на мајанската култура и секако – добро да заработи од туристичките аранжмани.
Што ќе се случи кога часовникот ќе дојде до нула, ќе видиме за една година. А вие, искористете ја максимално – за секој случај!