Кејт Мидлтон со широка насмевка, за првпат во јавност по скандалите објавени за неа во новата книга за кралското семејство
- Детали
- петок, 01 декември 2023
Во кралското семејство ја нарекувале „Кејти жедната“, затоа што тврдела дека постојано е жедна за нови знаења. Посетувала посебни часови за да звучи исто како кралицата Елизабета, а никогаш не ја сакала Меган. Британски новинар изнесе голем број (скандалозни) факти за принцезата од Велс, а таа насмеана оди на настани и се однесува како ништо да не се случило.
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон деновиве се појави на настан пред новогодишните празници, видно расположена и во аутфит со кој, според многумина, успева да докаже дека таа знае како да ги прекршува модните правила.
Кејт се појави во црна ролка и кафеаво миди здолниште, па покажа дека и комбинацијата од овие две бои може да стои одлично.
На фотографиите Кејт е насмеана „од уво до уво“ и покажа дека воопшто не се грижи за тоа што е напишано за неа во новата книга на новинарот Обид Скуби, „Endgame: Inside the Royal Family and the Monarchy’s Fight for Survival“.
Во книгата на британскиот новинар и биограф Кејт е опишана како „студена“ личност и како кралска сопруга која се плаши да преземе повеќе одговорности.
Според Обид, тоа што Кејт има многу порелаксиран распоред од другите членови на кралското семејство значи дека таа е делумно вработена и наводно не планира да преземе повеќе обврски сè додека нејзините деца, принцот Џорџ (10), принцезата Шарлот (8) и принцот Луи (5), не станат полнолетни.
Во книгата се наведува дека Кејт во круговите на семејството била наречена „Кејти жедната“ (Katie Keen), затоа што во една пригода портпаролите тврделе дека таа е „жедна да стекне нови знаења“, со цел да се оттргне вниманието дека се појавува на многу малку настани.
„Додека другите членови на семејството се појавуваат по неколкупати неделно и се среќаваат со луѓе низ целата земја, Кејт долго време има порелаксиран работен распоред што ѝ помогна да ги пополни задолжителните кралски должности, но и да не влијае врз неа како мајка и сопруга“ – пишува Скуби.
Според него, Кралицата Елизабет ја сакала Кејт затоа што била послушна и можела да биде трансформирана во совршен член на семејството. Наводно, Кејт дури и имала посебни часови за начин на изразување, со цел да биде иста како бабата на Вилијам.
„Кејт научи што е она што е најважно за преживување во системот: да се претопиш во својата улога, да не покажуваш слабост и да си дозволиш да го покажеш само она што публиката го гледа во тебе.
Благодарение на тие часови по изразување, принцезата од Велс дури и звучи исто како нејзината поранешна шефица: културно, отмено и, секако, дистанцирано“ – пишува Скуби.
Авторот се сконцентрира и на односот што Кејт го имала со нејзината јатрва Меган Маркл, а наводно принцезата од Велс на шега „се стресувала“ секојпат кога ќе го слушне името на поранешната актерка.
Наместо да се потруди да изгради врска со Меган, како личност што е дојдена однадвор, Кејт не се потрудила воопшто да изгради однос со неа. Според Скуби, личностите што работеле со Кејт изјавиле:
„Може да биде студена ако не ѝ се допаѓа некој, а таа никогаш не била обожавател на Маркл“.
Б. С. Б. | Црнобело