3 години лежел мртов во својот стан, никој не забележал – Кој бил Србинот прогласен за „најосамен човек во Шведска“?

„Никој не забележал дека со години е починат, немало миризба од станот, а на соседите им требале речиси 4 години да сфатат дека нивниот сосед го нема“ – приказната за Србинот Бранислав Тешановиќ е „пример“ за осамениот живот што го живеат печалбарите во другите земји, но и за студениот однос на Швеѓаните.

najosameniot-chovek-vo-shvedska-3-godini-lezhel-mrtov-vo-svojot-stan-nikoj-ne-zabelezhal-koj-e-srbinot-za-kogo-e-snimen-i-dokumentaren-film-01.jpg

Србинот Бранислав Тешановиќ 3 години, 8 месеци и 8 дена лежел мртов во неговиот стан во Стокхолм, а никој не ни забележал дека веќе го нема. Неговото тело било најдено во 2019-та година, а неговиот случај е инспирација за новинарот Али Феган да го сними филмот „Најосамениот човек во Стокхолм“ (Stockholm's loneliest man?).

Телото на 78-годишниот Бранислав било најдено во неговиот стан во Стокхолм од страна на сосетката, а внатре светилката и радиото биле вклучени.

najosameniot-chovek-vo-shvedska-3-godini-lezhel-mrtov-vo-svojot-stan-nikoj-ne-zabelezhal-koj-e-srbinot-za-kogo-e-snimen-i-dokumentaren-film-02.jpg

Соседите почнале да се сомневаат дека нешто чудно се случува со Бранислав дури откако поштата во неговото сандаче почнала да се насобира, а од човекот не забележувале ниту трага ниту глас.

Според пишувањата во шведските медиуми, никој од станарите не забележал непријатна миризба од станот каде Бранислав живеел веќе 40 години, заради добрата вентилација и изолација, но и затоа што прозорецот бил подотворен.

najosameniot-chovek-vo-shvedska-3-godini-lezhel-mrtov-vo-svojot-stan-nikoj-ne-zabelezhal-koj-e-srbinot-za-kogo-e-snimen-i-dokumentaren-film-03.jpg

Полицијата соопштила дека се работи за маж со југословенско потекло и дека со недели не можат да стапат во контакт со неговите роднини.

По сите административни формалности, бил организиран службен погреб, а Бранислав бил погребан со протестантски свештеник.

Дури по погребот, шведската полиција успеала да стапи во контакт со извесна Бранојка Стевановиќ, која му била сестра на Бранислав и потоа се дознало дека тие двајца целосно загубиле контакт откако нејзиниот брат се преселил во Шведска во 60-тите години на минатиот век.

najosameniot-chovek-vo-shvedska-3-godini-lezhel-mrtov-vo-svojot-stan-nikoj-ne-zabelezhal-koj-e-srbinot-za-kogo-e-snimen-i-dokumentaren-film-04.jpg

Драган Лабан, кој исто така е со потекло од Србија, кога слушнал за приказната за неговиот сонародник, одлучил дека треба да му се организира достоинствен погреб и Бранислав да биде испратен во духот на православната црква.

Тој стапил во контакт со семејството на Тешановиќ и добил дозвола да му организира нов, православен погреб на неговиот сонародник, а наместо анонимен знак, Бранислав добил и спомен обележје.

„Мора да е најлошото нешто да умреш без саканите околу себе. Тоа ме вознемири. Не го познавав човекот, но морав нешто да направам“ – рече Лабан.

najosameniot-chovek-vo-shvedska-3-godini-lezhel-mrtov-vo-svojot-stan-nikoj-ne-zabelezhal-koj-e-srbinot-za-kogo-e-snimen-i-dokumentaren-film-06_copy.jpg

Приказната за Тешановиќ се пренесува во сите шведски медиуми, а за него е снимен и документарен филм со цел да се обрне вниманието на осамениот живот што го живеат Швеѓаните, а особено иселениците кои доаѓаат во земјата во потрага по нови можности, а завршуваат целосно сами без роднини и пријатели.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Се школувал под лажно име, не смеел сам да оди ни во тоалет: Тажниот живот на синот на Доналд и Мела... По барање на мајка му Меланија, неговото име и лик не смееле да се спомнат на со...
Беше само 1 година постара од зетот - Што знаеме за мајката на Меланија Трамп која почина на 78 годи... Мајката на Меланија Трамп почина на возраст од 78 години. Што знаеме за жената к...
Жена (33) се обидела да се фрли под воз – мажот што ја спасил, денес ѝ е сопруг со кого има 3 деца „Животот станува подобар, само мора да бидете тука за да видите“ – вели оваа жен...
Потег за восхит: Бразилец посадил 40.000 дрвја во Сао Паоло и направил зелена оаза среде градот (фот... Бизнисмен од Бразил поминал 20 години садејќи дрвја покрај брегот на река во Сао...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg