Инспиративно девојче од Англија е родено без нос, но живее со полни гради
- Детали
- вторник, 07 ноември 2023
Теса од Англија нема нос, но ова не ја спречува максимално да ужива во животот, па дури и да се шегува на своја сметка. Малото девојче поминало низ многу операции поради нејзиното нарушување, но не дозволува ова да влијае врз неа и дефинитивно е вистинска инспирација за сите.
Теса Еванс од Англија е родена со ретко генетско нарушување познато како congenital arhinia. Поради ова, малото девојче нема нос, ниту носни канали.
Поради нарушувањето, Теса се соочила со бројни предизвици уште од самото раѓање.
Кај лицата со ова нарушување, носот воопшто не се развива во текот на бременоста. Не се развива ни сетилото за мирис, па Теса ја нема оваа способност.
Родителите на Теса – Греин и Нејтан – дознале за нејзината состојба во петтиот месец од бременоста.
Нормално, биле шокирани и преплашени, но набрзо се помириле и цврсто одлучиле дека ќе ѝ го подарат на Теса најубавиот живот.
Но, секако, ова не било без предизвици.
Кратко откако се родила, на Теса ѝ била направена операција со цел да ѝ го олеснат дишењето.
Кога наполнила 11 месеци, ѝ била направена и операција на очите.
Две години подоцна, на Теса ѝ била направена козметичка операција со која ѝ ставиле протези во областа на носот.
Со ова се овозможува во иднина, кога ќе порасне, да направи уште една операција и да добие нос.
Одлуката да се согласат на козметичката операција не била лесна за родителите бидејќи носела безброј ризици.
Но, сметале дека треба да се обидат да ѝ го подобрат животот што е можно повеќе.
Теса се адаптирала на животот без нос – дише преку уста, а нема сетило за мирис кое ние го земаме „здраво за готово“.
Притоа, девојчето е вистински оптимист и секогаш е насмеано.