„Имам парализа на лицето поради редок синдром – на училиште ме нарекуваа ’грда‘ и ме малтретираа“

Тамара од Германија е инспиративна девојка со ретко нарушување - парализа на лицето. Поради ова, не можела да ја мрда десната страна од лицето и изгледала малку поразлично од врсниците. На училиште била малтретирана – и вербално и физички – поради што животот ѝ бил ужасен. Но, откако направила ризична операција, нејзината состојба се подобрила и сега конечно си ја вратила самодовербата.

imam-paraliza-na-liceto-na-uchilishte-me-narekuvaa-grda-i-me-maltretiraa-no-so-operacija-si-ja-vrativ-samodoverbata-01.jpg

Во детството, Тамара Видерсум од Германија била дијагностицирана со парализа на лицето.

Ова е мошне ретко нарушување кое според The Sun се јавува кај 15 од 100.000 луѓе годишно. Нарушувањето е предизвикано од неправилна функција на нервите, а кај Тамара има влијание врз целата десна страна од нејзиното лице.

Поради ова, Тамара не можела целосно да го затвори десното око и нејзиното лице изгледа малку асиметрично.

А, поради изгледот, таа била жртва на булинг и некои врсници биле толку сурови што ја споредувале со Голум од The Lord of the Rings.

imam-paraliza-na-liceto-na-uchilishte-me-narekuvaa-grda-i-me-maltretiraa-no-napraviv-operacija-i-si-ja-vrativ-samodoverbata-06.jpg

Тамара, која живее во Франкфурт, вели дека нарушувањето ѝ го направило животот мизерен.

„Ме нарекуваа Голум, грда и пират. Правеа да се чувствувам лошо во врска со себе. Мислев дека сум многу ниска, многу дебела, многу досадна и, генерално, лоша личност“.

Но, вербалните навреди не биле единственото нешто.

„Ме туркаа, фрлаа работи по мене, намерно ми истураа вода врз тетратките. Поради ова се чувствував гневно, но истовремено и беспомошно“.

imam-paraliza-na-liceto-na-uchilishte-me-narekuvaa-grda-i-me-maltretiraa-no-napraviv-operacija-i-si-ja-vrativ-samodoverbata-02.jpg

Нарушувањето нема влијание само врз изгледот на Тамара, туку ѝ предизвикува и други проблеми. На пример, многу работи кои се најнормални за другите, како најобична насмевка, за Тамара биле невозможни.

Кога наполнила 23 години, Тамара одлучила да побара помош од хирург, по што ѝ биле направени две операции, во 2019-та и 2020-та, за да ѝ ја подобрат состојбата на нервите.

imam-paraliza-na-liceto-na-uchilishte-me-narekuvaa-grda-i-me-maltretiraa-no-napraviv-operacija-i-si-ja-vrativ-samodoverbata-03_copy.jpg

Потоа, во 2021 година, направила и операција за корекција на окото и други карактеристики на лицето.

„Кога бев помлада, имаше периоди кога навистина сакав да направам операција и мајка ми се консултираше со лекари.

Но, тогаш постоеше голем ризик бидејќи имаше опасност да ми бидат оштетени и нервите кои и се здрави. Затоа, чекав да пораснам, па сама да одлучам дали навистина сакам операција или не“.

imam-paraliza-na-liceto-na-uchilishte-me-narekuvaa-grda-i-me-maltretiraa-no-napraviv-operacija-i-si-ja-vrativ-samodoverbata-05.jpg

Операциите ѝ го промениле животот на Тамара, а вели дека најсреќна е што сега конечно може да се насмевне.

„Со операцијата всушност ми ’вградија‘ мускул и нерв на страната од лицето зафатена од нарушувањето. Во првата операција ми го вградија мускулот, а во втората нервот.

Откако закрепнав, конечно можев да се насмевнам. Се чувствував неверојатно, а кога почувствував дека можам да ја мрдам десната страна од лицето, не ми се веруваше.

Уште не ми се верува, некогаш си мислам дека е сон. Сега, кога ќе погледнам во огледалото, се чувствувам среќно“.

imam-paraliza-na-liceto-na-uchilishte-me-narekuvaa-grda-i-me-maltretiraa-no-napraviv-operacija-i-si-ja-vrativ-samodoverbata-08.jpg

Тамара конечно си ја вратила самодовербата и вели дека сега се чувствува убаво. Таа има и огромна поддршка од семејството и пријателите, како и нејзиниот дечко.

„Го запознав дечко ми кратко по втората операција. Без разлика што на почетокот не ме познаваше добро, ми покажа огромна поддршка и ме прифати.

Претходно немав многу среќа со момчиња и мислам дека бев премногу несигурна во себе за да почнам врска“.

imam-paraliza-na-liceto-na-uchilishte-me-narekuvaa-grda-i-me-maltretiraa-no-napraviv-operacija-i-si-ja-vrativ-samodoverbata-07.jpg

Тамара има и порака за оние кои изгледаат поразлично од другите, без разлика од која причина:

„Никогаш не заборавајте дека сте убави такви какви што сте. Знам дека не е лесно, но верувајте во себе и вашите способности. Не сте сами, околу вас има луѓе кои ве сакаат и почитуваат токму такви какви што сте.

Секогаш постои барем едно нешто во коешто сте добри. Јас сум добра во пеење, танцување, свирење пијано и пишување. Ако знаете во што сте добри, ова ќе ви ја зголеми самодовербата“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
По 100 операции и третмани од кои ѝ се распадна лицето, Џесика Алвес ги отстранува филерите: „Сакам ... Џесика Алвес, која пред да го промени полот беше нарекувана „жив Кен“, вели дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg