Родители добиле парична казна во ресторан затоа што децата им биле прегласни и непослушни – Правилно или погрешно?

Пар од САД вели дека сопственик на ресторан во којшто биле на ручек им наплатил 50 долари повеќе бидејќи нивните деца биле непослушни. Родителите се бунат, тврдејќи дека нивните деца биле мирни, додека мислењето на јавноста е поделено. Што мислите вие – дали сопственикот на ресторанот е во право или сепак претерува?

roditeli-morale-da-platat-50-dolari-kazna-vo-restoran-za-nivnite-neposlushni-deca-javnosta-so-podeleno-mislenje-01.jpg

Пар од САД остро нападна ресторан откако сопственикот им побарал да платат казна од 50 долари бидејќи нивните деца биле непослушни.

Уште кога седнале во ресторанот, тие забележале дека на менито е истакнато дека родителите чии деца не се примерни ќе добијат повисока сметка, но помислиле дека тоа е шега.

Истовремено, родителите тврдат дека нивните деца се однесувале добро и казната била бесмислена.

Мислењето на јавноста, пак, е поделено.

roditeli-morale-da-platat-50-dolari-kazna-vo-restoran-za-nivnite-neposlushni-deca-javnosta-so-podeleno-mislenje-04.jpg

Линдзи Лендмен и нејзиниот сопруг Кајл биле во ресторан во Џорџија.

Тие биле во друштво на четири други семејства, па на масата имало вкупно единаесет деца, на возраст од три до осум години.

roditeli-morale-da-platat-50-dolari-kazna-vo-restoran-za-nivnite-neposlushni-deca-javnosta-so-podeleno-mislenje-06.jpg

Парот бил во ресторанот пред нешто повеќе од две недели, а тогаш сопругот Кајл оставил и лош коментар на Гугл:

„Сопственикот дојде и ми рече дека додава 50 долари на сметката поради однесувањето на децата. Моите деца си играа на нивните таблети додека да ја донесат храната, потоа јадеа и, на крај, сопругата ги изнесе надвор додека јас ја плаќав сметката“.

roditeli-morale-da-platat-50-dolari-kazna-vo-restoran-za-nivnite-neposlushni-deca-javnosta-so-podeleno-mislenje-03.jpg

Подоцна, во интервју за Today, сопругата Линдзи исто така изјави дека децата биле мирни.

„Децата седеа на едниот крај од масата и беа навистина добри. Дури и им дадов комплимент додека јадеа. Не ми се веруваше колку беа мирни“.

roditeli-morale-da-platat-50-dolari-kazna-vo-restoran-za-nivnite-neposlushni-deca-javnosta-so-podeleno-mislenje-02.jpg

Линдзи вели дека забележала дека на менито пишува дека родителите ќе добијат парична казна ако нивните деца не се однесуваат добро, но помислила дека тоа е шега.

roditeli-morale-da-platat-50-dolari-kazna-vo-restoran-za-nivnite-neposlushni-deca-javnosta-so-podeleno-mislenje-08.jpg

Кога семејствата завршиле со десертот, маж им пришол и им рекол дека ќе треба да платат плус 50 долари бидејќи нивните деца биле премногу гласни и трчале наоколу пред ресторанот.

„Му реков ’Постојано беа тивки‘. Мажот ни се доближи и ни рече дека припаѓаме во Burger King, а не во неговиот ресторан.

Тогаш побаравме да зборуваме со сопственикот, а тој ни рече дека тој е сопственик“, вели Линдзи.

roditeli-morale-da-platat-50-dolari-kazna-vo-restoran-za-nivnite-neposlushni-deca-javnosta-so-podeleno-mislenje-05.jpg

Американската телевизија Channel 2 News стапила во контакт со сопственикот, кој изјавил дека ја вметнал казната во менито пред некоја година.

Тој изјавил и дека не му наплатил на семејството, туку само ги предупредил, како и дека не планирал да се правда за правило што важи во неговиот ресторан неколку години.

По објавувањето на приказната во американските медиуми, многу луѓе кои биле во ресторанот го критикуваа:

„Еднаш отидовме тројца возрасни, две деца и 4-месечно бебе, а уште откако влеговме нè погледнаа лошо.

Потоа сопругата го нишкаше бебето (кое не плачеше) и еден ’менаџер‘ ѝ рече дека не можела да го прави тоа во елитен ресторан (ова не е елитен ресторан)“, гласи еден од коментарите.

roditeli-morale-da-platat-50-dolari-kazna-vo-restoran-za-nivnite-neposlushni-deca-javnosta-so-podeleno-mislenje-07.jpg

Сепак, некои се согласуваат со правилото во ресторанот:

„Јас сум на страната на ресторанот. Бакшишот што ќе го оставите не вреди за некој да го слуша вашето дете како плаче, фрла храна или прави ѓубре.

Зошто да не си го контролирате детето? Ако не можете, јадете дома“.

Што мислите вие – дали сопственикот на ресторанот е во право или сепак претерува?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Родители ја изгладнувале ќерката – на 17 години имала 27kg: Случај од Австралија ја згрози јавноста Во Австралија, во процес е судење на родители кои ја изгладнувале нивната ќерка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg