„Мојата 6-месечна ќерка е милионер - кога ќе порасне нема да знае како ги заработила парите“
- Детали
- понеделник, 23 октомври 2023
„Парите законски мора да бидат ставени на штедна сметка за деца. Ќерка ми нема да знае од каде дошле парите што ги заработила“ – вели мајката на 6-месечната Луа, која е инфлуенсерка на Инстаграм со заработка од еден милион бразилски реали, или над 186.000 евра во првите 6 месеци од животот.
Бразилската блогерка Виа Туб има над 30 милиони следбеници на Инстаграм, а одлучила и нејзината ќерка, Луа, да добие свој профил на социјалната мрежа. Како што вели, ова се покажало како одлична одлука затоа што малата Луа веќе заработила 1 милион бразилски реали (186.600 евра) од снимање рекламен материјал со мајка ѝ.
Бебето Луа веќе има над 2 милиони следбеници на профилот под името @pequenalua (Мала Месечина), а учествувала во рекламни кампањи за повеќе познати брендови за деца.
Мајка ѝ, Виа тврди дека парите ги става во посебна банкарска сметка, а дел вложила во посебен бренд за облека за деца Baby Tube.
Но, како што вели, загрижена е заради раниот успех на ќерка ѝ, затоа што таа нема ниту да се сеќава од каде дошле сите пари.
„Ќе ѝ покажам дека сѐ стекнала со работа. Ќе се потрудам таа да добие финансиско образование, затоа што е родена со голем број привилегии. Признавам дека сум загрижена, но истовремено сум и поспокојна за нејзината иднина“ – вели таа.
Според бразилските закони, парите што малата Луа ги заработила мора да бидат ставени на детска штедна сметка и тоа е задолжително за сите инфлуенсери што сакаат нивните деца да бидат дел од рекламни кампањи.
Инаку, Виа редовно објавува фотографии од бебето Луа на нејзиниот Инстаграм профил.
Погледнете дел до нив:
Б. С. Б. | Црнобело