„Имам брада и густи влакна по целото тело – ми викаат дека личам на маж, но не се бричам“
По дијагнозата, Коси почнала да ги бричи влакната, но тие само станувале погусти.
„Колку повеќе се бричев, толку повеќе ми растеше брадата. Потоа пробав депилација, но ми беше многу болно и скапо“.
На крај, Коси направила и ласерска операција, но влакната повторно ѝ пораснале.
„По 10 третмани, влакната станаа потенки и кожата ми беше помазна. Бев убедена третманот е ефикасен.
Сепак, една година подоцна влакната повторно почнаа да растат, па морав да му се вратам на бричењето“.
Со текот на времето, на Коси ѝ дошло „преку глава“ од постојаното бричење и решила да почне гордо да ја носи својата брада.
„Престанав да се бричам и наместо тоа почнав да се сакам себеси. Сфатив дека себеприфаќањето е важен дел од грижата за себе. Тоа е столбот на самодовербата“.
Сега Коси има и ТикТок профил преку кој се обидува да ги нормализира влакната на женските тела.
„Луѓето во јавност реагираат со шок, фасцинација и гадење за мојата брада, но активно работам на тоа да престанам да ги слушам.
За жал, луѓето можат да бидат сурови кон некој кој изгледа поразлично, па важно е да не дозволам нивните мислења да ја дефинираат мојата вредност.
Еден маж еднаш ми рече дека ми требал само уште пенис за да бидам маж. Но, веќе се навикнав и понекогаш и заборавам дека имам брада“.