„Имам брада и густи влакна по целото тело – ми викаат дека личам на маж, но не се бричам“
- Детали
- понеделник, 02 октомври 2023
„На почетокот се бричев, па се депилирав. Направив и трајна операција, но по една година влакната повторно пораснаа, па му се вратив на бричењето. На крај, решив да ја оставам брадата и да почнам да се сакам себеси“, вели 42-годишната Коси од Јоханесбург.
Коси Бутелези од Јоханесбург има густи влакна по целото тело, вклучувајќи и брада.
42-годишната уредничка на книги првпат се соочила со проблемот во тинејџерските години.
Дури минатата година отишла на лекар за претераниот раст на влакната, но не добила одговор за причината.
И другите жени од нејзиното семејство биле повлакнести, но не колку неа. На почетокот, Коси ја бричела брадата, но вели дека сега одлучила да ја прифати.
Сепак, таа истакнува дека честопати се соочува со вербално малтретирање и некои луѓе оделе дотаму што ја нарекувале маж.
„Пораснав опкружена со влакнести жени, па само мислев дека сум го наследила тоа. Поради ова, никогаш не отидов на лекар, а немав ни некакви симптоми.
Кога конечно отидов на преглед, ми предложија тестови за хормони и полицистични јајници. Но, и двата теста беа негативни. Сè беше во ред“.
Лекарот ѝ кажал дека можеби има хирсутизам – состојба која предизвикува раст на влакна на лицето на жената. Во некои случаи причината за оваа појава се токму полицистични јајници, но некогаш, како кај Коси, не постои конкретна причина.
„Претходно немав слушнато за болеста, но ми имаше смисла“.