Бебенце изгледа како мини Хулк поради ретко нарушување: „Никој не веруваше дека ќе преживее, но се избори“

Болеста на Армани е многу ретка и според Daily Mail се јавува кај едно од 4.000 новороденчиња.

Најчесто отекуваат главата и вратот, но отоците можат да се јават и на рацете и градите, како што е случајот на Армани.

Наводно, откако болеста ќе се дијагностицира, дечињата имаат само 22% шанси за преживување.

Што значи, малата Армани имала среќа, но е и вистински борец.

bebence-izgleda-kako-mini-hulk-poradi-retko-narushuvanje-nikoj-ne-veruvashe-deka-kje-prezhivee-no-se-izbori-02.jpg

„Никогаш немав слушнато за оваа болест и кога ја пребарав, не ми се допаѓаа фотографите што ги видов. Кога дознав дека Армани ја има, ми се скрши срцето. Не ми беше јасно што е погрешно. Секој ден го прашував Бог зошто.

Сега, Армани има малку вишок кожа. Ова ќе се среди и ќе има нормален изглед. Единствено ќе има лузни од операциите.

Навистина е среќна. Не е деформирана или нешто слично. Гледав фотографии од дечиња кои беа деформирани и Бог да ги благослови, тие се вистински борци“, вели мајка ѝ.

Челси додава и дека Армани е среќно бебе кое напредува одлично.

bebence-izgleda-kako-mini-hulk-poradi-retko-narushuvanje-nikoj-ne-veruvashe-deka-kje-prezhivee-no-se-izbori-03.jpg

Бременоста на Челси, која има и две други деца, не била лесна.

„Се чувствував како телото да престанува да ми работи. Тежев 90 килограми и состојбата само ви се влошуваше. Страдав секој ден, не можев да спијам.

Токму поради ова се породив во 33-та недела со царски рез. Секој ден ми стануваше потешко, не можев ни да дишам.

На големо изненадување на сите, Армани се роди со плачење и сите во салата бевме многу емотивни. Никој не знаеше што ќе се случи“.

bebence-izgleda-kako-mini-hulk-poradi-retko-narushuvanje-nikoj-ne-veruvashe-deka-kje-prezhivee-no-se-izbori-06.jpg

Сопругот на Челси, Блејк, чекал надвор од операционата сала не знаејќи дали бебето, но и сопругата ќе преживеат.

„Се сеќавам како седев во ходникот. Ме однесоа таму додека ѝ ја ставаа епидуралната. Потоа само шетав низ ходникот и се молев“.

Челси страдала и од постпородилна депресија, но вели дека сега се чувствува многу подобро.

bebence-izgleda-kako-mini-hulk-poradi-retko-narushuvanje-nikoj-ne-veruvashe-deka-kje-prezhivee-no-se-izbori-07.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Добив сепса додека бевме на одмор - мораа да ми ги ампутираат и рацете и нозете за да ме спасат“ „По девет недели во кома, лекарите ме разбудија. Најпрво бев во делириум и кажув...
„Поради рак на дојка, не можам да имам деца – најдобрата другарка ми беше сурогат мајка“ „Отсекогаш сакав да станам мајка и по дијагнозата со рак, мислев дека ќе биде не...
Исповед на жена: „Родена сум од сурогат мајка – Како тоа се одрази врз мојот живот?“ „Моите родители беа многу богати и живеевме во прекрасни палати. Материјално не ...
„Пробувам да забременам, но се плашам дека ќе бидам ужасна мајка - Што да правам?“ „Мојот сопруг и јас веќе подолго време пробуваме да добиеме дете. Но, јас сум уш...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Детски парк во Јапонија е сон на секој родител од Македонија (видео) Зип лајн, тобогани, авантуристички мостови.... За забавни паркови како во Јапони...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg