Бебенце изгледа како мини Хулк поради ретко нарушување: „Никој не веруваше дека ќе преживее, но се избори“
- Детали
- четврток, 28 септември 2023
Бебе од САД има ретко нарушување на лимфниот систем, поради што се родило со отечени раце и горен дел од телото. Лекарите прогнозирале дека нема да преживее, но девојчето се изборило, сега напредува одлично, а ќе му бидат направени неколку операции за отстранување на отоците и вишокот кожа. Мајка му, пак, му дала сладок прекар поради изгледот – „мини Хулк“.
Малата Армани Милбу од Кентаки е родена со сериозна форма на лимфангиом – состојба која предизвикува појава на бенигни тумори во лимфните садови.
Поради ова, во нејзиното тело се задржува течност, па рацете и горниот дел од телото ѝ се отечени.
За среќа, животот на 9-месечното девојче не е во опасност и во наредните години ќе ѝ бидат направени неколку операции со кои ќе се намалат отоците на телото и ќе се отстрани вишокот кожа. Што значи, ќе има нормален живот.
Нејзината мајка, 33-годишната Челзи, има и сладок прекар за ќеркичката – ја нарекува „мини Хулк“.
Првите три месеци од животот, малата Армани ги поминала во болница каде што добивала третмани со кои се отстранувала течноста од нејзините раце.
Наскоро ќе ѝ направат операција за отстранување на вишокот лимфни садови и со ова горниот дел од телото и рацете ќе ѝ се вратат во нормална големина.
Подоцна ќе треба да ѝ се направи и операција за отстранување на вишокот кожа.
По отстранувањето на течноста, волуменот на рацете на Армани е намален, а мајка ѝ вели дека сега е само многу мека.
Мајка ѝ Челси дознала за болеста на Армани кога била во 17-тата недела од бременоста.
Лекарите прогнозирале дека нема да преживее, но Армани се изборила и сега е во добра состојба.