Како изгледаше втората супермесечина во август 2023 над Македонија, а како во светот? (фото)
- Детали
- четврток, 31 август 2023
Од Лондон до Израел, од САД до Индија, љубителите на астрономските фотографии синоќа успеаја да го уловат реткиот феномен на небото – сината супермесечина. Како изгледаше природниот сателит на Земјата на небото кај нас, а како во светот?
Синоќа светот имаше можност да проследи редок феномен кога на небото осамна ретката сина супермесечина, која се очекува следен пат да биде видлива дури по 14 години, односно во 2037-ма година.
Инаку, ова е втора супермесечина овој месец, првата беше видлива на почетокот на месецот, а ноќта помеѓу 30-ти и 31-ви август светот имаше можност да го види овој редок феномен на небото.
Терминот „сина месечина“ не се врзува со бојата, туку тој се користи кога има две супермесечини во еден календарски месец, како што тоа беше случајот овој август.
Терминот „супермесечина“ пак се користи кога Месечината е поблиску до орбитата на Земјата, заради што ни изгледа поголема и посветла.
Во Македонија, сината супермесечина на небото беше фотографирана од страна на Боби Кузмановски, кој фотографијата ја објави на својот Фејсбук профил.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10161327275726600&set=pb.638376599.-2207520000&type=3
Во галеријата погледнете како изгледаше ретката сина супермесечина во светот:
Прочитајте и На што најмногу ќе ви влијае ретката сина супермесечина, според хороскопскиот знак?
Б. С. Б. | Црнобело