Торнадо во Хрватска, огромни топки град во Словенија: Какви временски непогоди ја зафатија Европа - што се случува?
- Детали
- вторник, 29 август 2023
На швајцарските Алпи заврна снег пред сезона, во Словенија паѓаше огромен град, а во Хрватска беше забележано послабо торнадо – по топлотните бранови и пожарите, европските земји мака мачат и со временски непогоди.
Покрај топлотните бранови и пожарите, бројни европски држави изминатиов месец се соочија и со обилни врнежи кои предизвикаа поплави.
Додека Грција се бори со можеби најголемите пожари забележани во Европа во поновата историја, некои држави, како Хрватска, Словенија и Италија се соочуваат со поплави.
За време на викендот дел од Шпанија беше погодена со силни ветришта и дождови кои предизвикале материјална штета.
Слична е ситуацијата и во Италија каде што неколку области беа зафатени од бура кои предизвикаа штета.
И во Хрватска има обилни дождови, а хрватските медиуми пренесуваат дека постои можност да се појават поплави и удари од гром. Во една област беше забележано и послабо торнадо.
Со дождови и поплави се соочуваат и Словенија, Унгарија, Австрија…
Во Швајцарија, пак, пред сезона заврна и снег на надморска височина од околу 1.600 метри.
Фотки и видеа од непогодите низ Европа:
Хрватска
https://twitter.com/theinformantofc/status/1696229525707780560
https://twitter.com/liv59224/status/1696197032749269201
Словенија
https://twitter.com/theinformantofc/status/1696242981286662441
https://twitter.com/LjubisaPaden/status/1696248571434066123
https://twitter.com/volcaholic1/status/1696274063377809639
https://twitter.com/Centinela_35/status/1696198566090359052