Стефанија од Прилеп за CRNOBELO: „На одмор сум на Тасос, вчера небото беше темно од пожарите, имаше и пепел“
- Детали
- среда, 23 август 2023
„Не можам да кажам дека ми е сеедно, небото беше многу мрачно. Еве веќе три дена како сме на Тасос, цело време проверувам нови вести во однос на пожарите, каде ги има и каква е состојбата. Вчера имаше и пепел низ воздухот, но мештаните велат дека нема простор за паника“, вели Стефанија Кржеска (24) од Прилеп за CRNOBELO.com.
Стефанија Кржеска (24) од Прилеп, магистер по правни науки, работи во адвокатска канцеларија во Скопје.
Поради природата на адвокатурата, и тоа што секој еден предмет е некоја тажна приказна во позадина, вели дека нејзиното слободно време го поминува на платформата Инстаграм на која се активни сите нејзини врсници и која што изобилува со позитивна енергија и таму има повеќе од 18.000 следбеници.
Моментално (23.08) таа е на одмор на грчкиот остров Тасос, од каде директно споделува каква е ситуацијата со пожарите во Грција и колку тоа се чувствува и на овој остров.
Прочитајте и „Бев на Тасос, стигнавме за околу 5 часа од Скопје, вљубувањето во островот ми започна со галебите на траектот“
Стефанија за CRNOBELO.com вели:
„Вчера (22.08) бевме на плажата ‘Golden Beach’, чад не се чувствуваше, не беше загаден воздухот, но небото беше целосно темно.
Немаше сонце цел ден, времето беше многу загушливо и неподносливо топло, како пред летен дожд.
Сметам дека нема простор за паника, бидејќи островот нормално е опколен со вода.
Пожарите се од карши нас и нѐ дели голема површина на вода. Зборувавме и со мештаните, и тие ни кажаа дека нема простор за паника.
Од друга страна, не можам да кажам дека ми е сеедно. Еве веќе три дена како сме тука, цело време проверувам нови вести во однос на пожарите, каде ги има и каква е состојбата.
Стравот е поголем во однос на враќањето назад со оглед на тоа што пожарот е проширен до автопатотот во близина на пристанишното место Керамоти, каде треба да се симнеме со траектот и од каде возилата се пренасочуваат по некои локални патишта.
Вчера имаше и пепел низ воздухот.“
Прочитајте и Страшни пожари во Грција 4 дена по ред – чад се гледа и на Халкидики, на 200km оддалеченост (фото+видео)
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело